2 Коринтјани. Chapter 2
1 Затоа, молам, пред сè да се упатуваат молби, молитви, застапувања, благодарности за сите луѓе,
2 за царевите и за сите кои се на власт, за да можеме да водиме спокоен и мирен живот во сета побожност и сериозност.
3 Ова е добро и угодно пред Бог, нашиот Спасител,
4 Кој сака сите луѓе да бидат спасени и да дојдат до целосното познавање на вистината.
5 Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот меѓу Бог и луѓето - човекот Христос Исус,
6 Кој се даде Себеси како откуп за сите, за сведоштво во вистинско време.
7 Поради тоа јас бев поставен за гласник, апостол (вистина велам, не лажам) и за учител на неевреите во верата и вистината.
8 Затоа, сакам мажите да се молат на секое место, подигајќи ги светите раце, без гнев и двоумење.
9 Исто така и жените да се украсуваат со пристојна облека, скромно и невпечатливо, не со плетенки и злато, со бисери или со скапоцени облеки,
10 туку со добри дела, како што им прилега на жените кои тврдат дека се побожни.
11 Жената нека се поучува во смиреност и во целосна покорност !
12 А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде смирена.
13 Зашто, прво беше создаден Адам, а потоа Ева.
14 И Адам не беше измамен, туку жената откако беше измамена, падна во престап.
15 Но таа ќе биде спасена преку раѓање деца, ако останат во верата, љубовта и во светоста со трезвеност.