2 Летописи. Chapter 22
1 Жителите ерусалимски место него за цар го поставија Охозија, најмалиот негов син, бидејки сите постари беа убиени од разбојници, што се беа приближиле до логорот со Арапите, - и така стана цар Охозија, синот на јудејскиот цар Јорама.
2 Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Еруслим една година; мајка му се викаше Готолија, керка на Амврија.
3 И тој исто така одеше по патиштата на Ахавовиот дом, зашто мајка му беше негова советничка во незаконските дела.
4 Тој го вршеше, она што беше неугодно пред очите на Господа, како домот Ахавов, зашто по смртта на татка му тој дом му беше советник, за негавата пропаст.
5 И, следејки го нивниот совет, Охозија отиде со израилскиот цар Јорама, син Ахавов, во војна против Азила, сирискиот цар, во Рамот Гладски. И Сиријците го ранија Јорама;
6 тој се врати во Израил да се лекува од раните, што му ги нанесоа во Рама, кога војуваше со Азаила, сирискиот цар. И Охозија, синот Јорамов, цар јудејски, дојде да го посети Јорама, синот Ахавов, во Израел, бидејки тој беше болен.
7 Тоа беше од Бога за пропаст на Охозија, затоа што тој дојде при Јорама; зашто, откако дојде, излезе со Јорама против Јуја, синот Намесиев, кого Господ го беше помазал за истребување на домот Ахавов.
8 Кога Јуј извршуваше суд над домот Ахавов, ги најде кнезовите јудејски и синовите на Охозиевите брака, кои му служеа на Охозија, и ги уби.
9 Тогаш заповеда да го бараат Охозија; го фатија, кога се криеше во Самарија; го доведоа при Јуја, го убија и го погребаа, зашто велеа: тој е син на Јосафата, кој Го бараша Господа со сето срце свое! И не остана во домот Охозиев никој, кој би можел да царува.
10 А Готолија, Охозиевата мајка, откако виде, дека син и умрел, стана и го погуби сиот царски род на Јудиниот дом.
11 Но царсктата керка Јосавета го зеде Охозиевиот син Јоаса, го грабна ме у царските синови, кога ги убиваа, и го скри со хранителката во спалната соба. На тој начин Јосавета, керката на царот Јорама, жена на свештеникот Јодаја, сестра на Охозија, го сокри Јоаса од Готолија, и таа не го убил.
12 И го криеја кај нив во домот Божји шест години; а над земјата царуваше Готолија.