2 Летописи. Chapter 23

1 Но во седмата година Јодај се охрабри и ги зеде во сојуз со себеси стоначалниците, синот Јероамов, Исмаила, синот Јоанов, Азарија, синот Овидов, Масеја, синот Адаиев, и Елисафата, син Захариев.
2 Тие ја обиколија земјата Јудина, ги собраа левитите од сите страни на Јудеја и Израилевите старешини на татковските домови и дојдоа во Ерусалим.
3 И целото собрание склучи сојуз со царот во домот Божји. И Јодај им рече: 'Еве, царскиот син треба да биде цар, како што рече Господ за синовите Давидови.
4 Еве, што ке направите: едната третина од вас, свештениците и левитите, што доа аа во сабота, нека бидат вратари при праговите,
5 втората третина - при царскиот дом, третата третина - при портите на Јесод, а сиот народ нека биде во тремовите на домот Господов.
6 И никој да не влегува до домот Господов, освен свештениците и оние од левитите, што служат. Тие можат да влезат, зашто се осветени; а сиот народ нека стои на стража Господова.
7 И левитите нека го опколат царот од сите страни, и кој ке влезе во домот Господов, да биде убиен. И бидете при царот, кога влегува и кога излегува.'
8 Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јодај; и секој си ги зеде своите лу е, што доа аа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јодај не ги распушти смените.
9 Свештеникот Јодај им ги раздаде на стотниците копјата и малите и големите цар Давидови штитови, што беа во Божјиот дом;
10 и го постави сиот народ, секој со оружје свое во рацете, од десната страна на храмот кај жртвеникот и при домот околу царот.
11 Тогаш го изведоа царскиот син, му ставија венец и го прогласија за цар; го помаза Јодај и синовите негови и извика: 'Да живее царот!'
12 Кога го чу Готолија гласот на раздвижениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господен
13 и виде: ете царот стои на своето возвишено место при влезот, а кај царот - кнезови и труби, и сиот народ на таа земја се весели, трубат со трубите и со свирки пеачи, вешти во славословието. Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: 'Заговор! заговор!'
14 Тогаш свештеникот Јодај ги повика стоначалниците кои началствуваа над војската, и им рече: 'Изведете ја надвор од храмот, и кој ке тргне по неа да биде убиен со меч. Зашто свештеникот рече: не ја убивајте во домот Господов.'
15 И и направија пат; а кога таа дојде при влезот на коњската врата на царскиот дом, ја убија таму.
16 Јодај склучи завет со целиот народ и со царот, за да бидат народ Господов.
17 И целиот народ отиде во Вааловото капиште та го разруши, и жртвениците негови и идолите негови ги разрушија, а Матана, Вааловиот свештеник, го убија пред жртвениците.
18 И им ги довери Јодај делата на Господовиот дом на свештениците и левитите и ги обнови дневните свештенички и левитски свени, како што ги беше распоредил Давид до домот Господов, да Му вознесуваат сепаленица на Господа, како што е напишано во законот Мојсеев, со радост и пеење, по Давидовата наредба.
19 И постави вратари при вратата на домот Господов, за да не влегува никој нечист од што и да било.
20 И ги зеде стоначалниците и велможите, началниците народни и целиот народ на земјата и сите го придружуваа царот од домот Господов; тие минаа низ горната врата во царскиот дом и го ставија царот да седне на царскиот престол.
21 И се веселеше целиот народ на таа земја и градот се смири. А Готолија ја убија со меч.