2 Летописи. Chapter 35
1 Јосија отпразнува Пасха на Господа во Ерусалим, и го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од првиот месец.
2 И ги насели свештениците по местата нивни и ги поттикнуваше да му служат на домот Господов;
3 и им рече на левитите, посветени на Господа и наставници на сите Израилци: поставете го светиот ковчег во храмот, што го изгради Соломон, синот Давидов, цар Израилев; нема потреба да го носите на раменици; служете Му сега на Господа, нашиот Бог и на народот Негов Израилот;
4 застанете според родовите на татковците свои и според родовите свои, како што е заповедано од Давида, царот Израилев, и како што е заповедано од синот негов Соломона,
5 стојте во светилиштето, според она како што се распоредени родовите на вешите брака, синовите народни, според она како што се разделени левитските родови и редови;
6 заколете го пасхалното јагне, осветете се и подгответе го за браката свои, постапувајки согласно со Господовото слово преку Мојсеја.
7 И им подари Јосија на синовите народни, на сите, што беа таму, од ситниот добиток јагниња и јариња, се за пасхалната жртва, на број триесет иљади, и три иљади вола. Тоа беше од царскиот имот.
8 И кнезовите негови сесрдно даваа принос за народот, на свештениците и на левитите: Хелкија, Захарија и Јехиил, старешини во Божјиот дом, им дадоа на свештениците за жртва пасхална две иљади и шестотини јагниња и јариња и триста вола;
9 Хоннија, Семаија и Натанаил, негови брака, Асавија, Јеиел и Јозавад, левитски старешини, им подарија на левитите за пасхална жртва пет иљади овци и петстотини волови.
10 Така се подготви службата, и по царева заповед свештениците застанаа на своите места и левитите според смените свои;
11 го заклаа пасхалното јагне, и свештениците росеа со крвта, што ја земаа од рацете на левитите, а левититеи ги дереа кожите;
12 и го распределија определеното за сепаленици, за да го дадат по редовите на татковските родови на синвоите народни, за принос на Господа, како што е напишано во Мојсеевата книга. Истото тоа го направија и со воловите.
13 И го испекоа на оган пасхалното јагне, според законот; а свештените жртви ги сварија во котли, грниња и тави, па го раздадоа брзо по сиот народ;
14 потоа приготвија за себе и за свештениците, зашто свештениците, синови Аронови, беа зафатени со принесувањето сепаленици и дебели меса до нокта; затоа левитите готвеа и за себе и за свештениците, синовите Аронови.
15 А певците, синови Асафови, остануваа по местата свои, според наредбите на Давида и Асафа, Емана и Идитуна, царевиот јасновидец, а вратарите при секоја врата: немаше зошто да ја напуштаа службата своја, бидејки браката нивни левитите готвеа за нив.
16 Така беше распоредена целата служба во тој ден, за да направат Пасха и да принесат сепаленици на Господовиот жртвеник, по заповед на царот Јосија.
17 Така ја празнуваа Израилевите синови, што беа таму Пасхата во тоа време и празникот Бесквасници во текот на седум дена.
18 Таква Пасха не беше прославувана во Израилот од деновите на пророкот Самуила; од Израилеви цареви ниеден не беше приготвил таква Пасха, каква што направи Јосија, свештениците, левитите и сите Јудејци, и Израилци, кои беа таму, и жителите ерусалимски.
19 Таа Пасха беше отпразнувана во осумнаесеттата година од царувањето на Јосија.
20 По сето тоа, што го направи Јосија во Божјиот дом, тој ги изгори во оган и лакомците, и ма епсниците, и идолските светилишта, и идолите, и дубравите, што ги имаше во Ерусалим и во Јудеја, за да ги утврди зборовите на Законот, напишани во книгата, која свештеникот Хелкија ја најде во домот Господ; и немаше сличен на него пред него, што се обрнал кон Господа од се срце, со сета душа и со сета сила, согласно со целиот закон Мојсеев, не се издигна и по него подобен на него. Но Господ, пак, не се одврати од големата јарост на гневот Свој, - јарост, со каква што Господ се беше разгневил на Јудеја за сите наскрбувања, со кои Го разгневи Манасија. И беше рекол Господ: 'Kе го отфрлам и Јуда од лицето Свое, како што го отфрлив домот Израилев, ке го отфрлам домот Израилев, ке го отфрлам и градот Ерусалим, што го одбрав, и храмот, за кој реков: таму ке престојува името Мое. И излезе Нехао, египетскиот цар, во војна против асирскиот цар на реката Ефрат кај Хархамис. Јосија му излезе во пресрет.
21 Нехао испрати кај него пратеници да кажат: 'Што има ме у мене и тебе, царе јудејски? Против тебе сега не сум тргал, туку за таму, каде што имам војна. Бог ми заповеда да брзам; немој да Му се противиш на Бога, Кој е со мене, за да не те погуби.'
22 Но Јосија не отстапи пред него, туку се приготви да се бие со него; и не ги послуша зборовите на Нехао, што беа од Бога, туку излезе во бој во долината Магедо.
23 И стрелците го устрелија царот Јосија, и царот им рече на слугите свои: 'Одведете ме, зашто сум тешко ранет.'
24 Слугите негови го симнаа од колата, го качија во друга негова кола и го одведоа во Ерусалим. И тој умре; и беше погребан во гробницата на татковците свои. Целата Јудеја и Ерусалим го оплакаа Јосија.
25 Јосија беше оплакан и од Еремија во плачевна песна; него го споменуваа сите певци и пеачки во плачевните песни свои, познати и до денес, кои ги предадоа во обичај во Израилот; ете, тие се напишани во книгата на плачевните песни.
26 Другите дела на Јосија и добрините негови, согласни со заповеданото во законот Господов,
27 и неговите дела, први и последни, се опишани во книгата за царевите израилски и јудејски.