2 Летописи. Chapter 7

1 Кога Соломон ја заврши молитвата, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Господова го исполни домот.
2 И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Господова го исполни домот Господов.
3 И сите синови Израилеви, кога видоа, како слезе оган и слава Господова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е благ, зашто милоста негова е вечна.
4 А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господа.
5 И принесе царот Соломон на жртва дваесет и две иљади вола и сто и дваесет иљади овци: така го осветија Божјиот дом царот и сиот народ.
6 Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господа, што ги беше направил царот Давди, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израиел стоеше.
7 Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Господов: таму ги принесе сепалениците и лојот од мирните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Соломона, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот.
8 И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израил, - многу голем собор, што се беше стекол од влезот во Емат до Египетскиот поток;
9 а на осмиот ден направија попразненсто, зашто осветувањето на жртвеникот го правеа седум дена и празнкот - седум дена.
10 И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давида и Соломона и на својот народ Израилот.
11 И го заврши Соломон домот Господов и домот царски, заврши успешно се, што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом.
12 И Господ му се јави на Соломона ноке и му кажа: 'Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жртвопринесувања.
13 Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ.
14 и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се смири, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ке чујам од небото и ке му ги простам гревовите негови и ке ја излекувам земјата негова.
15 И сега очите Мои ке бидат отворени и учите Мои внимателни кон молитвата во ова место.
16 И сега јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму засекогаш; и очите Мои, и срцето Мое ке бидат таму во сите дни.
17 И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти Давид, и ако вршиш се, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш уредбите Мои и законите Мои,
18 Јас ке го зацрвстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татка ти Давид, велејки: ‘нема да снема маж, што ке владее над Изралот.‘
19 Но, ако отстапите и ако ги напуштите наредбите Мои и заповедите Мои, што сум ви ги дал, и тргнете да служите на други богови и да им се поклонувате,
20 Јас ке го истребам Израилот од лицето на Мојата земја, што сум му ја дал, и овој храм, што сум го осветил на Мое име, ке го отфрлам од лицето Свое и ке го направам за приказ и за потсмев кај сите народи.
21 А за овој храм, толку славен, секој, што ке мине покрај него, ке се вxаши и ке рече: ‘Зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘
22 И ке речат: ‘Затоа, што тие Го оставија Господа, Бога на татковците свои, Кој ги изведе од Египетската земја, и се приврзаа за други богови, и, се поклонуваа и им служеа, - затоа Он им го испрати сево ова зло.‘