2 Летописи. Chapter 14

1 И почина Авија при татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. Место него цар стана синот негов Аса. Во неговите дни земјата беше спокојна десет години.
2 Аса го вршеше она, што беше добро и угодно пред очите на својот Господ Бог;
3 тој ги премавна жртвениците на ту ите богови и идолските светилишта, ги скрши статуите и ги исече младите дубрави;
4 им заповеда на Јудејците да Го бараат Господа, Бога на татковците нивни, да го исполнуваат законот Негов и заповедите;
5 ги премавна од сите градови Јудините идолски светилишта и статуите на сонцето. И царството негово беше спокојно.
6 И бидејки беше спокојна земјата, тој изгради тврдина во Јудеја; тој не војуваше во тие години, зашто Господ му беше дал спокојство.
7 И им рече Аса на Јудејците: 'Да ги изградиме овие градови и да ги заградиме со sидиште и кули, со порти и клучеви; земјата е уште наша, зашто ние Го побаравме Господа, нашиот Бог; ние Го побаравме, и Он ни даде спокојство од сите страни.' И почнаа да градат, и успеваа.
8 Воената сила на Аса беше: од Јудиното колено триста иљади вооружени со штитови и копја, од Венијаминовото колено двесте и осумдесет иљади јунаци, вооружени со штитови и стрелци со лак.
9 И се крена против нив Зарај, Етиопјанин, со иљада иљади војска и триста коли, и стигна до Мариса.
10 Му излезе Аса во пресрет, и се распоредија за борба во Софатската долина при Мариса.
11 Повика Аса кон Господа, својот Бог, и рече: 'Господи, нели е во Твоја сила да им помагаш на силни и слаби? Тогаш помогни ни нам, Господи, Боже, наш, зашто ние на Тебе се надеваме и во Твое име излеговме против ова множество. Господи, Ти си наш Бог; да не биде човекот посилен од Тебе.'
12 И Господ ги порази Етиопјаните пред Аса и пред Јуда, и Етиопјаните избегаа.
13 Аса, пак, и народот со него ги гонеше до Гедор; Етиопјаните паднаа толку, што ниеден не остана жив, зашто беа поразени пред Господа и пред Неговата војска. И собраа прилично голем плен.
14 Ги разрушија сите градови околу Гедор, зашто ужас од Господа налета врз нив; и ги ограбија сите градови и изнесоа од нив многу голем плен.
15 Ги разрушија и пастирските колиби, ограбија многу стада од ситен добиток и камили, и се вратија во Ерусалим.