Излез. Chapter 2
1 Еден човек од племето Левиево отиде и се ожени со една од керките Левиеви.
2 Жената зачна и роди машко дете; па кога виде дека е многу убаво, го криеше три месеци.
3 Но, кога не можеше повеке да го крие, мајката зеде кошниче од трски; го облепи со смола и катран; и, откако го стави детето во него, го однесе во трската крај реката.
4 А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ке стане со него.
5 Kерката, пак, Фараонова слезе до реката, за да се капе, а и нејзините слугинки одеа покрај реката. И таа го забележа кошничето во трската, па испрати една од слугинките свои, да го донесе.
6 А кога го отвори, виде дете; и тогаш детето заплака. Таа се смили над него и рече: 'Ова е еврејско дете.'
7 Тогаш сестрата негова и‘ рече на керката Фараонова: 'Сакаш ли да одам да викнам доилка Еврејка, да ти го дои детето?'
8 А керката Фараонова и‘ рече: 'Оди!' И девојчето отиде, и ја викна мајката на детето.
9 Kерката Фараонова и‘ рече: 'Чувај го ова дете, и дој ми го; а јас ке ти платам.' И го зеде жената детето и го доеше.
10 А кога детето порасна, го одведе кај керката Фараонова, и таа го посини. И му стави име Мојсеј, велејки, 'оти од вода го извадив.'
11 По многу време, кога Мојсеј стана возрасен, отиде ме у браката свои, синовите Израилеви, и ја виде маката нивна. И забележа како еден Египтјанин бие Евреин - еден од браката негови.
12 Се обsрна на сите страни, и, кога виде дека нема никој, го уби Египтјанинот и го закопа во песокта.
13 Утредента излезе пак и виде двајца мажи Евреи како се тепаат и му рече на оној, кој беше виновен: 'Зошто го биеш ближниот свој?'
14 А тој одговори: 'Кој те постави тебе за старешина и судија над нас? Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што го уби Египтјанинот?' Тогаш Мојсеј се уплаши и рече: 'Значи, се разбрало за ова?'
15 И Фараонот беше чул за ова, па сакаше да го погуби Мојсеја. Но Мојсеј избега од Фараонот и се насели во земјата Мадијамска. Кога дојде во земјата Мадијамска, седна крај еден извор.
16 А свештеникот Мадијамски, пак, имаше седум керки, кои ги пасеа овците на татка си Јотор. И тие дојдоа и почнаа да земаат вода додека не ги наполнија поилата, за да го напојат стадото на таткото свој Јотор.
17 Но дојдоа овчари, и ги истераа, а Мојсеј стана и ги одбрани, им налеа вода и им го напои стадото.
18 И тие се вратија кај таткото свој Јотор, а тој ги праша: 'Како толку бргу се вративте денес?'
19 Тие одговорија: 'Еден Египтјанин не‘ одбрани од овчарите, дури ни извади вода и ни ги напои овците наши.'
20 А тој им рече на керките свои: 'Па, каде е? Зошто сте го оставиле така тој човек? Поканете го да јаде леб!'
21 И Мојсеј реши да живее кај тој човек, а тој му ја даде на Мојсеја за жена керката своја Сепфора.
22 И таа зачна и роди син, и Мојсеј му стави име Гирсам, 'бидејки сум - рече - придојден во ту а земја.' И пак зачна и роди втор син, и му стави име Елиезер, велејки: 'Бог на мојот татко ми е Помошник и ме избави од рацете Фараонови.'
23 А по многу време умре царот египетски. А синовите Израилеви уште офкаа од маките и викаа; и пискотот нивни од тешките работи дојде до Бога.
24 И бог го чу офкањето нивно, и се сети Бог на заветот Свој со Авраама, Исака и Јакова.
25 И погледна Бог на синовите Израилеви, и се смили над нив.