Излез. Chapter 3
1 Мојсеј го пасеше стадото на Јатора, тестот свој, свештеникот Мадијамски. Терајки го стадото така преку пустиња, дојде до планината Божја Хорив,
2 И му се јави Ангел Господеов во огнен пламен во капина. И виде тој, а тоа капината гори со оган, а не изгорува.
3 И Мојсеј рече: 'Да појдам да го видам ова чудо, зашто капината не изгорува.'
4 А кога виде Господ дека тој доа а да види, извика Господ од капината и рече: 'Мојсеј, Мојсеј!' А тој одговори: 'Еве ме, Господи!'
5 И Он рече: 'Не прио ај ваму. Собуј ги овубките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.'
6 И му рече: 'Јас сум Бог на таткото твој, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.' А Мојсеј го сврти лицето свое, зашто се плашеше да погледа во Бога.
7 И Господ му рече на Мојсеја: 'Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го чув пискотот негов од злото, што му го прават надзорниците. Сега ја знам маката негова.
8 Па слегов да го избавам од рацете египетски, и да го изведам од таа земја и да го воведам во земја добра и пространа, во земја, каде што тече мед и млеко, во крајот на Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Гергесејците и Јевусејците.
9 И еве, сега викотот на синовите Израилеви стигна веке до Мене, и Јас го видов гнетот, со кој ги мачат Египтјаните.
10 А сега појди - Јас те испракам кај Фараонот, царот египетски, за да го изведеш од Египет народот Мој, синовите Израилеви.'
11 Мојсеј, пак, Му проговори на Бога: 'Кој сум јас, та да одам кај Фараонот, царот египетски, и да ги изведам синовите Израилеви од земјата египетска?'
12 Му рече Бог на Мојсеја, велејки: 'Kе бидам со тебе, и ова нека ти биде знак, дека Јас сум те испратил: Кога ке го изведеш народот Мој од Египет, помолете Му се на Бога на оваа планина.'
13 А Мојсеј Му рече на Бога: 'Еве, ке појдам кај синовите Израилеви и ке им речам: ‘Бог на татковците ваши ме испрака кај вас.‘ И ако тие ме прашаат: ‘како Му е името‘, што ке им речам тогаш?'
14 Бог му одговори на Мојсеја, велејки: 'Јас сим Оној, Кој вечно постои!' Па продолжи: 'Така ке им кажеш на синовите Израилеви: 'Оној, Кој вечно постои, ме испрати кај вас.'
15 И пак му рече Бог на Мојсеја: 'Вака кажи им на синовите Израилеви: ‘Господ Бог на татковците наши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов ме испрати кај вас. Ете тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено.‘
16 Оди и собери ги старешините Израилеви, и кажи им: ‘Господ, Бог на татковците ваши, ми се јави, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, и ми рече: ‘Ве посетив и видов што ви се прави во Египет.‘
17 И реков уште: ‘Kе ве изведам од маките египетски во земјата Хананска, и Хетејска, и Аморејска, и Ферезејска, и Евејска, и Јевусејска, во земја каде што тече мед и млеко!‘
18 И тие ке го послушаат гласот твој; а ке отидеш ти и старешините Израилеви кај Фараонот, царот египетски, и ке му речеш: ‘Господ, Бог на Евреите, не‘ повика да појдеме на три дена пат во пустињата, за да Му принесеме жртва на Господа, нашиот Бог.‘
19 А Јас знам дека Фараонот, царот египетски, нема да ви дозволи да излезете без силна рака.
20 Но ке ја пружам раката Своја, и ке ги поразам Египтјаните со сите Мои чудеса, што ке ги направам ме е нив; потоа ке ве пушти.
21 И ке му дадам милост на овој народ кај Египтјаните, така што, кога ке појдете, нема да појдете празни.
22 Туку секоја жена нека побара од сосетката своја и од пријателката своја сребрен и златен накит и облека; и ке ги украсите со нив синовите ваши и керките ваши, и така ке ги плените Египтјанките.'