Излез. Chapter 33
1 И му рече Господ на Мојсеја: 'Крени се оттука ти и твојот народ, кого го изведе од земјата Египетска и оди во земјата, за која му се заколнав на Авраама, Исака и Јакова, велејки: на потомството ваше ке му ја дадам;
2 и ке испратам пред тебе Ангел Мој, а Он ке ги изговни Хананејците, Амаорејците, Хетејците, Ферезејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците:
3 и ке те воведам во земјата, каде што тече мед и млеко; Самиот нема да одам со тебе, за да не те погубам по патот, бидејки сте вие тврдоглав народ.'
4 А народот кога го чу тој страшен збор, се расплака, во жални облеки.
5 Оти Господ му беше рекол на Мојсеја: 'Кажи им на синовите Израилеви: вие сте тврдоглав народ; внимавајте да не наведам на вас друга мака и да ве истребам; а сега соблечете ги од себе свечените облеки и накитот свој, а Јас ке ви покажам што ке направам со вас.'
6 И ги извадија накитите и облеките од себе синовите Израилеви на планината Хорив.
7 А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од таборот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доа аше кај скинијата на собранието, која се нао аше надвор од таборот.
8 И кога Мојсеј влегуваше во скинијата сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеја, додека не влезе во скинијата.
9 А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеја.
10 И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на скинијата; и сиот народ стануваше, и секој се клањаше пред влезот на својот шатор.
11 И тогаш, Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој. Потоа Мојсеј се вракаше во таборот, а помошникот негов Исус, синот Навинов, младич, не излегуваше од скинијата.
12 И му рече Мојсеј на Господа: 'Ете, Ти ми велиш: ‘изведи го тој народ, и не ми јави кого ке пратиш со мене, иако ми рече: ‘Јас те знам по името и ти најде милост пред Мене.‘
13 Па, ако, сум нашол милост пред Тебе откри ми се да Те разберам, та и понатаму да најдам милост пред Тебе, и да узнаам дека овие лу е се Твој голем народ.'
14 И му рече Господ: 'Јас Самиот ке врвам пред тебе, и ке те успокојам.'
15 А Мојсеј му рече: 'Ако Ти Самиот не појдеш со нас, тогаш не изведувај не‘ одовде,
16 оти, по што ке познаеме дека јас и народот Твој сме нашле милост пред Тебе, освен по тоа што Ти одиш со нас? И ке се прославам јас и народот Твој повеке од сите народи што се на земјата.'
17 И Господ му рече на Мојсеја: 'Kе го направам и тоа, што го кажа, зашто ти најде милост пред Мене, и те познавам повеке од сите.'
18 Пак рече Мојсеј: 'Покажи ми ја славата Своја.'
19 Му одговори: 'Kе одам пред тебе со Моја слава, и ке те повикам во името Мое: Господ е пред тебе, и кој е за помилување, ке го помилувам, а кој е за утешение - ке го утешам.'
20 И потоа рече: 'Но лицето Мое не ке можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.'
21 И пак рече Господ: 'Ене место при Мене, застани на онаа карпа!
22 А кога ке помине славата Моја, ке те ставам во пукнатината на карпата, и ке те засолнам со раката Своја, додека не поминам;
23 а кога ке ја кренам раката Своја, ти ке ме видиш од кон грбот, но лицето Мое не ке ти се открие тебе.'