Излез. Chapter 36

1 И направија Веселеил и Елијав и сите способни лу е, на кои им беше дадена мудрост и знаење да разбираат и да работат секакви работи, потребни за светилиштето, тоа се‘ како што беше заповедал Господ.
2 И ги повика Мојсеј Веселеила и Елијава и сите мудри лу е, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, што од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат.
3 И тие ги зедоа од Мојсеја сите дарови што ги беа принеле синовите Израилеви за потребите на светилиштето за да се изработат. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро.
4 Тогаш дојдоа сите вешти лу е, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, што сами ја вршеа,
5 па му рекоа на Мојсеја - 'Народот принесува повеке отколку што е потребно за да се направи, како што заповеда Господ.'
6 И Мојсеј разгласи во таборот, велејки: 'Ни маж ни жена да не принесува ништо повеке како дар за светилиштето:' И народот престана да принесува,
7 зашто имаше доста принесено за секакви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше.
8 Тогаш сите вешти лу е, кои се обврзаа да ја направат скинијата, приготвија десет платништа од ткаенина со препредена пре а и од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; и на нив направија уметнички извезени херувими.
9 Должината на секое платниште изнесуваше дваесет и осум лакти, а ширината четири лакти; сите платништа беа со иста мерка.
10 И Веселеил ги состави петте платништа едно со друго, и другите пет платништа ги состави едно со друго.
11 И направи сини петлици по рабовите на едното платниште, каде што ке се соединува со другото; такви направи тој и на работ на последното платниште, за да го соедини со другото.
12 Педесет петлици направи на едното платниште, каде што се соединува со другото; петлиците беа една спрема друга.
13 И направи педесет златни кукички и со кукичките состави едно платниште со друго. Така скинијата стана една целина.
14 Потоа направи платниште од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи:
15 едно платниште беше долго триесет лакти, а широко четири лакти; една мерка беа сите единаесет платништа.
16 Па ги состави петте платништа одделно, а шесте платништа одделно.
17 И направи педесет петлици по работ на едното платниште, каде што се соединува со другото, и педесет петлици направи по работ на другото платниште, за да се соединува со другото;
18 а направи и педесет кукички од бакар, за да се состави скинијата, та да стане целина.
19 Потоа направи покривка за скинијата од овнешки кожи, црвени, а над неа друга - од сини кожи.
20 И направи диреци за скинијата од дрвото ситим, што ке стојат исправени;
21 секој дирек од по десет лакти долг, а лакот и половина широк;
22 секој дирек имаше по два клина, еден спроти друг; така направи тој на секој дирек за скинијата.
23 А вакви диреци за скинијата направи дваесет за јужната страна:
24 и направи четириесет подножја сребрени за под дваесетте диреци, по две подножја под секој дирек за двата клина негови, и по две подножја под другиот дирек за двата негови клина.
25 И за другата страна на скинијата, спрема север, направи дваесет диреци.
26 и четириесет сребрени подножја под нив, по две подножја под секој дирек за двата негови клина, и по две подножја под другиот дирек.
27 А за западната страна на скинијата направи шест диреци;
28 направи уште два дирека за аглите во скинијата од западната страна;
29 тие беа составени одоздола и составени одозгора со по една алка; така направи тој со обете страни на двата агли;
30 и така имаше осум диреци и шеснаесет подножја сребрени, по две подножја под секој дирек.
31 Потоа направи напречници од дрвото ситим: пет за диреците од едната страна од скинијата,
32 и пет напречници за диреците од другата страна на скинијата, и пет напречници за диреците од западната страна на скинијата до обата агли.
33 А направи и средна напречница што ке иде преку средината на диреците од едниот до другиот крај;
34 диреците го опковаа со злато, а и алките, низ кои беа провлечени напречниците, ги направи од злато, па и напречниците го опкова со злато.
35 Потоа направи завеса од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон и на неа направи херувими, уметнички извезени;
36 за неа направи и четири столба од дрвото ситим, и го опкова со злато; и златни кукички за столбовите и им излеа четири подножја од сребро.
37 Направи потоа завеса за влезот во скинијата од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, уметнички исткаена,
38 и пет столбови за неа со кукичките нивни; врвовите на столбовите и нивните прстени ги обложи со злато, и пет подножја од бакар.