Излез. Chapter 31

1 И му рече Господ на Мојсеја велејки:
2 'Ете, го определив по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино;
3 и го исполнив преку Духот Божји, Кој му даде умешност, како и знаење да разбира од секакви работи,
4 да гради, да изработува со злато, сребро и бакар; и сина и црвена и темноцрвена волна - ткаени изработки и висон ткаен;
5 да реже камења, да прави дрвени изработки, за секакви потреби.
6 И, ете, го дадов Елијав, синот на Ахисамах, од племето Даново; и на сите способни лу е им дадов разум да се потврдат да направат се‘ како што ти заповедав:
7 Скинијата на сведоштвото, и ковчегот на заветот, и очистилиштето над него, и сите работи во скинијата и жртвеникот и трпезата со нејзините садови;
8 и трпезата, и светилникот од чисто злато со сите принадлежности негови, и кадилниот жртвеник;
9 жртвеникот за жртви сепаленици со сите потреби негови, и мијалникот и подножјето негово;
10 и одеждите на Арона за служење и одеждите на синовите Аронови, со кои ке ми свештенодејствуваат;
11 елејот за помазание, и кадивото благопријатно свет состав за светилиштето - се‘ нека направат така, како што ти заповедав.'
12 И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки:
13 'Кажи, заповедај им на синовите Израилеви: пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак ме у Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува.
14 Пазете ја, пак, саботата, оти таа е света за Господа и за вас. Кој ке ја оскверни, да се погуби; бидејки секој, кој ке врши некаква работа во тој ден, таа душа нека се истреби од народот свој.
15 Шест дена нека се работи; а седмиот ден е сабота, одмор, свет на Господа; секој, кој ке работи во саботен ден, нека се предаде на смрт.
16 Затоа синовите Израилеви нека ги пазат саботите, празнувајки ги во родовите свои.
17 Тоа е знак ме у Мене и синовите Израилеви довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден се отпочина и се одмори.'
18 И кога престана да зборува со Мојсеја на планината Синајска, му даде две плочи на сведоштвото, Божји.