Излез. Chapter 38

1 И направи од дрвото ситим жртвеник за жртви сепаленици; пет лакти долг и пет лакти широк, четириаголен, три лакти висок, и ги опкова со бакар;
2 а направи и рогови на неговите четири агли, така што роговите да излегуваат од него, и го опкова со бакар.
3 И ги направи сите садови за жртвеникот: котлиња, кадилниците, чашките и вилушките, и клештите; сите потреби му ги направи од бакар.
4 а на жртвеникот му направи решетка од бакар како мрежа на дното, од дното па до средината наоколу;
5 и излеа четири алки за четирите агли на решетката од бакар, за да се провлечат низ нив лостови за носење.
6 А лостовите ги направи од дрвото ситим и ги опкова со бакар.
7 Па ги провлече лостовите низ алките од обете страни на жртвеникот, за да може да се носи; од штици го направи, празен одвнатре.
8 Направи и мијалник од бакар и подножје од бакар со убави шарки, кои го красеа влезот на скинијата на сведоштвото.
9 И двор направи од јужната страна, а завесите му беа од ткаен висон, по сто лакти долги;
10 дваесет столбови за нив, и дваесет подножја под нив од бакар; а кукичките за столбовите и лостовите беа од сребро.
11 Така и од северната страна, сто на сто лакти; столбови за нив дваесет и подножја под нив од бакар дваесет; а и кукичките за столбовите и лостовите нивни од сребро.
12 А од западната страна завеси од педесет лакти: десет столбови за нив, и подножја - десет; кукичките за столбовите и лостовите нивни од сребро;
13 и од источната страна, завеси од педесет лакти.
14 За западната страна на вратата завеси од петнаесет лакти, три столбови за нив и три подножја под нив;
15 и за другата задна страна (отаде и одовде на вратата однадвор) завеси од петнаесет лакти, три столба за нив, и подножја под нив - три.
16 Сите завеси на дворот наоколу беа од ткаен висон.
17 а подножјата од столбовите - од бакар, кукичките за столбовите и лостовите на нив - од сребро; и врвовите нивни беа со сребро обложени; и сите столбови на дворот беа со сребро поврзани.
18 А завесата на вратата од дворот - везена - од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, долга дваесет лакти, а во висина по ширината пет лакти, како и другите завеси во дворот;
19 и четири столба за нив, и четири подножја под нив од бакар; кукичките им беа од сребро, а врвовите нивни посребрени.
20 Сите колчиња околу скинијата и дворот беа од бакар.
21 Ете, тоа се изработките за скинијата на сведоштвото, направени по заповедта на Мојсеја за левитите а под надзор на свештеникот Итамара, син на Арона.
22 А се‘ она како што му заповеда Господ на Мојсеја, го направи Веселеил, син на Урија, синот Оров, од племето Јудино.
23 И со него Елијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, резбар, вешт ткајач и везач на порфирна ткаенина сина, црвена и темноцрвена и на ткаен висон.
24 Сето злато, што беше употребено за сите потреби на светилиштето, злато, принесено на дар, беше дваесет и девет таланти и седумстотини и триесет сикли, свештени сикли;
25 а среброто преброено од дародавците - сто таланти и иљада седумстотини седумдесет и пет сикли, свештени сикли.
26 По половина сикла од човек, пресметано според свештената сикла, од секој што доа а на пребројување, од дваесет години и нагоре, од шестотини и три иљади и петстотини и педесет души.
27 Сто таланти сребро беа употребени за лиење на подножјата за светилиштето и подножјата за завесите; сто подножја од сто таланти, по талант на подножје;
28 а од иљада и седумстотини и седумдесет и петте сикли тој направи кукички за столбовите и опков за врвовите нивни, а направи и лостови за нив.
29 А од принесениот дар во бакар имаше седумдесет таланти, и две иљади и четиристотини сикли;
30 и од него ги направи тој подножјата за влезот во скинијата на сведоштвото, и жртвеникот од бакар како и решетката од бакар за него, и сите садови за жртвеникот;
31 подножјата за целиот двор наоколу, подножјата за вратата на дворот, и сите колчиња за скинијата и сите колчиња за дворот наоколу.