Излез. Chapter 10

1 Тогаш Господ му рече на Мојсеја, велејки: 'Оди при Фараонот, зашто Јас му го ожесточив срцето негово и срцето на слугите негови, за да ги покажам овие знаци врз нив;
2 па да им прикажувате на чедата ваши и на внуците ваши што им направив на Египтјаните, како и за знаците Мои, што ги покажав пред нив, и за да знаат, дека сум Јас Господ.'
3 И отидоа Мојсеј и Арон кај Фараонот и му рекоа: 'Еве што вели Господ, Бог на Евреите: ‘До кога не ке сакаш да се засрамиш пред Мене? Пушти го народот Мој да Ми послужи!
4 Оти, ако не сакаш да го пуштиш народот Мој, еве, утре во ова време ке пратам скакулци над целата земја твоја.
5 И тие ке го покријат лицето на земјата, така што не ке се гледа, а ке го изедат остатокот, зачуван од градот; ке го изадат и секое дрво, што ви расте по полето.
6 И ке ги наполна куките твои, куките на слугите твои и сите куки по целата земја Египетска какво што не виделе татковците твои, ни прадедовците нивни, откако живеат на земјата па се‘ до денес.' И свртувајки се, си отиде Мојсеј од Фараонот.
7 Тогаш слугите му рекоа на Фараонот: 'До кога овие маки? Пушти ги лу ето нека Му заблагодарат на Господа, нивниот Бог. Или сакаш да гледаш како Египет пропа а?'
8 И ги вратија Мојсеја и Арона пред Фараонот, и им рече Фараонот: 'Одете, полужете Му на Господа, вашиот Бог. А кои се тие што ке одат?'
9 Мојсеј одговори: 'Kе одиме и млади и стари, со синовите свои и со керките свои, со овците свои и воловите свои, ке одиме, зашто тоа ке биде празник во чест на Господа, нашиот Бог.'
10 И им рече Фараонот: 'Така нека биде; нека е Господ со вас. Kе ве пуштам, но зошто се децата ваши? Ете, лошо лукавство имате.
11 Не така, но да одите само мажите и заблагодарете Му на Господа, зашто тоа сами баравте.' И ги истераа од кај Фараонот.
12 Тогаш му рече Господ на Мојсеја: 'Протегни ја раката своја над земјата Египетска и ке излезат скакулци на земјата египетска, па да ја изадат сета трева по земјата, сиот плод што остана неудрен од градот.'
13 И го крена Мојсеј стапот свој кон небото и над египетската земја наведе Господ јужен ветар, кој дуваше цел ден и цела нок; а кога се раздени, јужниот ветар довеа скакулци.
14 И ги навеа нив над целата земја египетска, и нападнаа по сите краишта египетски во голем број: такви скакулци никогаш немало, ниту такви ке има некогаш.
15 И го покрија лицето на земјата, така што на земјата ништо не се гледаше, и ја изедоа сета трева на земјата и сиот род по дрвјата и од тревата полска во целата земја египетска.
16 Тогаш Фараонот брзо ги повика Мојсеја и Арона и рече: 'Прегрешив пред Господа, вашиот Бог, и пред вас.
17 Но уште сега прости ми го гревот мој, и молете Му се на својот Господ Бог да ја отстрани од мене само оваа смрт.
18 А, откако излезе Мојсеј од кај Фараонот, Му се помоли на Господа.
19 И сврте Господ ветар од морето, многу силен и тој ги крена скакулците и ги фрли во Црвено Море; и не остана ниту еден скакулец во целата земја Египетска.
20 Но Господ го затврдна срцето на Фараонот и тој не ги пушти синовите Израилеви.
21 И му рече Господ на Мојсеја: 'Крени ја сега раката своја кон небото, и ке биде густа темнина по земјата Египетска, таква што дури опиплива ке биде.
22 И Мојсеј ја подигна раката свој кон небото, и настана густа темнина, мрак и бура по целата земја египетска, која потраја цели три дена.
23 Лу ето не се гледаа еден со друг три дена, и никој не се поместуваше од постелата своја три дена. Но по местата, каде што живееја синовите Израилеви, имаше виделина.
24 Тогаш Фараонот го повика Мојсеја и Арона, и им рече: 'Одете, заблагодарете Му на Господа, вашиот Бог; само овците ваши и воловите ваши нека останат, а имотот ваш нека оди со вас.'
25 Но Мојсеј рече: 'Не, ами ти треба да не‘ снабдиш со приноси и жртви сепалиници, што ке ги принесеме на Господа, нашиот Бог.
26 Затоа и добитокот наш нека оди со нас, да не остане ни копито; зашто од него треба да земеме нешто, со што ке му заблагодариме на Господа, нашиот Бог; но, додека не пристигнеме таму, не знаеме каква жртва ке Му принесеме на Господа.'
27 И Господ пак го отврдна срцето на Фараонот и тој не сакаше да ги пушти.
28 И му рече Фараонот: 'Истави се од пред мене, повеке да не ми излегуваш пред очи! И оној ден кога ке ми дојдеш пред очи, ке загинеш.'
29 А Мојсеј рече: 'Право кажа, нема повеке да ти го видам лицето.'