Излез. Chapter 16
1 Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите Израилеви дојде во пустињата Син, која се нао а ме у Елим и Синај, во петнаесеттиот ден од вториот месец, откако излегоа од земјата Египетска.
2 И почна да се буни целата заедница на синовите Израилеви против Мојсеја и против Арона.
3 И им рекоа синовите Израилве: 'О, да бевме умреле од раката Господова во земјата Египетска, кога седевме покрај котлите со месо и јадевме леб до насит! Не‘ изведовте овде во оваа пустиња, за да го умрете целово ова множество со глад.'
4 А Господ му рече на Мојсеја: 'Еве, ке пуштам да па а леб од небото, и народот нека излегува секој ден и нека собира колку што е потребно за тој ден, за да го испитам ке постапува ли според законот Мој или не;
5 а во шестиот ден кога ке го зготват она, што го собрале, и тоа ке биде двојно од она, што го собираат секој ден.'
6 Тогаш Мојсеј и Арон му рекоа на целиот збор на синовите Израилеви: 'Вечерва ке познааете дека Господ ве изведе од земјата Египетска,
7 а утре ке ја видите славата Господова; зашто Господ го чу негодувањето ваше против Бога. Што сме ние, та да се буните против нас?'
8 Потоа рече Мојсеј: 'Вечерва Господ ке ве даде месо да јадете, а утре изутрина леб до наситка; оти го чу Господ повикот ваш, што го дигнавте против Него. Кои сме ние? Вашиот повик не е против нас, туку против Бога.'
9 И му рече Мојсеј на Арона: 'Кажи му на целото општество на синовите Израилеви - ,застанете пред Бога, зашто Он го чу повикот ваш.'
10 И кога Арон му зборуваше на целото општество на синовите Израилеви, тие погледнаа кон пустињата, а тоа - славата Господова се појави во облак.
11 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
12 'Го чув негодувањето на синовите Израилеви. Кажи им и речи: ‘Вечерва ке јадете месо, а утре ке се наситите со леб, и ке познаете дека јас сум Господ, Бог ваш.‘'
13 Вечерта долетаа потполошки и го прекрија таборот; а утрината беше паднала роса околу таборот.
14 И, ете, кога се крена росата, а тоа - по пустињата лежи нешто ситно, како коријандер, зрнесто, бело како слана по земјата.
15 И кога видоа синовите Израилеви, си велеа еден на друг: 'Што е ова?' Оти не знаеја, што беше тоа. А Мојсеј им рече: 'Тоа е лебот, што ви го даде Господ да го јадете.'
16 Еве како заповеда Господ: 'Собирајте од него, секој колку што му треба за јадење - по еден гомор на лице, според бројот на членовите ваши; секој од вас со домашните собирајте.'
17 И направија така синовите Израилеви: собираа кај повеке кој помалку.
18 Па мереа со гомор; и кој беше собрал повеке, излишок немаше, а оној помалку, - немаше недостиг; секој собра онолку, колку што му требаше,
19 и им рече Мојсеј: 'Никој да не остава од тоа за утре!'
20 Но тие не го послушаа Мојсеја, туку некои оставија од тоа за утре, а тоа мувлоса и се смириса. И се налути Мојсеј на нив.
21 И така тие го собираа секое утро рано, секој колку што имаше потреба; а кога сонцето ке изгрееше, маната се топеше.
22 А во шестиот ден собраа од тој леб двојно повеке - по два гомора за секого. И дојдоа старешините народни, па му јавија на Мојсеја.
23 А Мојсеј им рече: 'Еве ја заповедта што ја кажа Господ - утре е саботен ден, свет одмор за Господа; што ке печете - печете, и што треба да варите - варете денес; а што ке преостане, соберете го и пазете го за утре!'
24 И оставија од него за утре, оти како што заповеда Мојсеј, и тоа не се смириса, ниту имаше црвја во него.
25 И рече Мојсеј: 'Јадете го тоа денес, бидејки е денес сабота посветена на Господа; денес нема да најдете мана во полето.
26 Шест дена ке собирате, а седмиот ден е сабота, тогаш ке ја нема.'
27 И на седмиот ден излегоа некои од народот да собираат, но не најдоа.
28 А Господ му рече на Мојсеја: 'До кога ке се противите на заповедите Мои и на законот Мој?
29 Ете, Господ ви дал денес сабота, затоа во шестиот ден и ви дава леб за два дена. Останете секој на своето место, и во седмиот ден никој да не го напушта местото свое.'
30 И се одмараше народот седмиот ден.
31 И синовите Израилеви тој леб го нарекоа мана. Тоа беше као семето коријандрово, бело, а по вкус како медено колаче.
32 Тогаш им рече Мојсеј: 'Еве што заповеда Господ: ‘Наполнете еден гомор мана, за да се запази во родовите ваши, за да го видат лебот што го јадевете и со кој ве хранев во пустињата, кога ве изведов од земјата Египетска.'
33 И му рече Мојсеј на Арона: 'Земи златен сад и стави во него еден гомор мана, и постави го пред Бога, за да се пази од колено до колено ваше.'
34 И го постави Арон пред ковчегот на сведоштвото, за да се чува, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
35 А синовите Израилеви јадеа мана четириесет години, додека не дојдоа во населена земја; јадеа мана додека не стигнаа до границата на земјата Хананска.
36 А гоморот е десетти дел од ефа.