Излез. Chapter 17
1 И се крена целото општество на синовите Израилеви, од пустињата Син, по заповедта Гпсподова, и се задржаа во Рафидин; а таму немаше вода да пие народот.
2 И народот го укори Мојсеја, велејки: 'Дај ни вода да пиеме!' А Мојсеј им рече: 'Зошто ме укорувате мене? Зошто Го искушувате Господа?'
3 и жеден беше за вода народот таму, па викаше против Мојсеја и велеше: 'Зошто не‘ изведе од Египет и нас, и синовите наши, и добитокот наш, за да не‘ помориш со жед?'
4 А Мојсеј се обрна кон Господа и рече: 'Што да правам со овој народ? Уште малку, па ке ме каменуваат.'
5 Но Господ му рече на Мојсеја: 'Излези пред народот, и поведи ги со себе старешините народни, земи го во раката и стапот свој, со кој го раздвои морето, па појди.
6 А Јас ке стојам онаму кај карпата на Хорив пред доа ањето твое; а ти тогаш удри во карпата, и од неа ке потече вода и народот ке пие.' И направи Мојсеј така пред синовите Израилеви.
7 И тоа место го нарече Маса и Мерива, поради подбивот на синовите Израилеви што Го искушуваа Господа, велејки: Дали е Господ ме у нас, или не е?'
8 Но тогаш дојдоа Амаликијците и се биеја против Израилците во Рафидин.
9 А Мојсеј, пак, му рече на Исуса: 'Избери си лу е силни, па излези и бори се утре против Амаликијците; а јас ке застанам на врвот од гората и стапот Божји ке ми биде в рака.'
10 И направи Исус, како што му рече Мојсеј, и излезе против Амаликијците; А Мојсеј, Арон и Ор се искачија на врвот од гората.
11 И кога Мојсеј ги креваше рацете угоре - надвладуваа Израилците, а кога ги спушташе рацете - надвладуваа Амаликијците.
12 Но рацете на Мојсеја му отежнаа; затоа зедоа камен и го ставија под него, па седна на него: а Арон и Ор ми ги потпираа рацете: еден од една страна, а другиот - од другата. Така стоеја рацете Мојсееви кренати до зајдисонце.
13 И го победи Исус Амалика и неговиот народ со остар меч.
14 Потоа му рече Господ на Мојсеја: 'Запиши го тоа за спомен во книгата, и објасни му на Исуса да помни дека сосема ке го избришам споменот за Амалика од под небото.'
15 Тогаш Мојсеј подигна жртвеник, и го нарече Јехова Ниси, односно Господ прибежиште мое,
16 'бидејки, рече тој, рака се кренала на престолот Господен, Господ ке војува против Амалика од колено на колено.'