Излез. Chapter 4

1 Тогаш Мојсеј одговори и рече: 'А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат - ‘Не ти се јавил Гопод?‘ - Што ке им речам?'
2 А господ му рече: 'Што ти е тоа во раката?' А тој одговори: 'Стап.'
3 И му рече: 'Фрли го на земја!' И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј извега од неа.
4 А Господ му рече на Мојсеја: 'Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката.' И ја испружи раката и ја фати за опашката, и пак стана стап во раката негова.
5 'Така ке поверуваат, оти ти се јавил Господ, Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.'
6 И пак му рече Господ: 'Стави ја сега раката свој во пазувата своја!' И тој ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади, а тоа раката му побелела од лепра, како снег.
7 И пак му рече Господ: 'Стави ја пак раката своја во пазувата своја!' И пак ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади од пазувата, таа пак станала, како што му беше целото тело негово.
8 'Па, ако не ти поверуваат и не го послушаат гласот твој при првиот знак, ке ти поверуваат при вториот знак.
9 А ако не поверуваат ни на двата знака и не го послушаат гласот твој, а ти тогаш земи вода од реката, и истури ја на суво; и водата, земена од реката, ке се претвори во крв на земјата.'
10 А Мојсеј Му рече на Господа: 'О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој, бидејки немам добра глас и тепкам, тешко зборувам.'
11 А Господ му рече на Мојсеја: 'Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп? Зар не Јас ли, Господ Бог?
12 Па сега, оди, и Јас ке ти ја отворам устата твоја, и ке те научам, што ке зборуваш.'
13 Но Мојсеј пак рече: 'Те молам, Господи, избери друг, што ке го испратиш.'
14 И се разгневи Господ на Мојсеја, и рече: 'Не ли ти е брат Арон Левитот? Знам дека е способен и тој ке зборува наместо тебе; и еве тој ке те сретне, и, кога ке те види, ке се зарадува во себе.
15 Нему ке му кажеш и ке ги ставиш Моиве зборови во устата негова, и Јас ке ти ја отворам устата твоја и устата негова и ке ви покажам што да правите.
16 И тој место тебе ке му зборува на народот; и така тој ке ти биде тебе уста, а ти ке му бидеш нему место Бога.
17 А тој стап што беше претворен во змија, земи го во својата рака. Со него ке правиш чуда.'
18 Тогаш отиде Мојсеј и се врати при Јотора, тестот свој, и му рече: 'Kе појдам и ке се вратам кај браката мои во Египет, да видам дали се уште живи.' И му рече Јотор на Мојсеја: 'Оди со здравје!' По оние многу денови умре царот египетски.
19 И му рече Господ на Мојсеја во земјата Мадијамска: 'Оди, врати се во Египет, зашто изумреа сите, што ја бараа душата твоја.'
20 Тогаш ја зеде Мојсеј жената своја и децата свои, и ги качи на осли, и се врати во Египет. А стапот Божји го зеде Мојсеј во раката своја.
21 И му рече Господ на Мојсеја: 'Кога ке отидеш и се вратиш во Египет, гледај да ги направиш пред Фараонот сите чудеса, за кои ти дадов мок во рацете твои. А Јас, пак, ке го ожесточам срцето негови, да не го пушти народот.
22 А ти кажи му на Фараонот: ‘Вака вели Господ Бог еврејски: Израил е Мојот првороден син.‘
23 ‘Ти реков да го пуштиш народот Мој да ми послужи. Ако одбиеш да го пуштиш, внимавај Јас ке ги убијам твојот првороден син.‘'
24 И кога патем нокеваше, го сретна Ангел Господов и сакаше да го убие.
25 Тогаш Сепфора зеде остар камен, и го обреза крајот од телото на својот син, и клекна пред нозете на Мојсеја и рече: 'Ете ја крвта од обрезанието на мојот син!'
26 Тогаш Ангелот отиде од него; а таа рече: 'Поради обрезанието застана крвта на синот мој.'
27 А Господ му рече на Арона: 'Излези во пуситњата и отиди да го сретнеш Мојсеја!' И отиде да го сретне на планината Божја, и се целиваа обајцата.
28 Мојсеј, пак, му ги кажа на Арона сите зборови Господови, Кој го испрати, и сите знаци, што му ги беше заповедал.
29 И отидоа Мојсеј и Арон и ги собраа сите старешини и синовите Израилеви.
30 А Арон им ги кажа сите збороди, што му ги беше кажал Господ на Мојсеја, а Мојсеј ги изврши сите знаци пред народот.
31 Народот поверува и се израдуваа зашто Господ Бог ги посети синовите Израилеви и погледна на маката нивна, па паднаа на колена и се поклонија.