Излез. Chapter 18

1 А Јотор, свештеникот медијамски, тестот Мојсеев, чу за се‘ што направи Господ за Израилот, народот Свој, како го изведе Господ Израилот од Египет.
2 И ја зеде Јотор, тестот Мојсеев, Сепфора, жената Мојсеева, која беше ја вратил,
3 и двата сина нејзини: на едниот името му беше Гирсам, оти Мојсеј велеше: 'Придојден сум во земја ту а,'
4 а на вротиот името му беше Елиезер, бидејки рече: 'Бог на таткото мој ми се најде на помош и ме избави од рацете Фараонови.'
5 И Јотор, тестот Мојсев, тргна со синовите негови и со жената негова при Мојсеја во пустињата, каде што се беше утаборил на планината Божја,
6 па го известија Мојсеја, велејки: 'Ете, тестот твој Јотор, иде кај тебе, иде и жената твоја, и обата сина нејзини со неа.'
7 И Мојсеј му излезе во пресрет на тестот свој и му се поклони, и го целива; па откако се поздравија еден со друг, го воведе Мојсеј под шаторот свој.
8 И му раскажа Мојсеј на тестот свој за се‘ што направи Господ со Фараонот и со сите Египтјани поради Израилците, и за сите тешкотии што ги снајдуваа патем, и како Господ ги избави од рацете Фараонови и од рацете египетски.
9 И се зарадува Јотор за сите добрини што му ги направи Господ на Израилот, спасувајки го од рацете на Египтјаните и од рацете Фараонови.
10 Тогаш Јотор рече: 'Нека е благословен Господ, Кој ве избави од рацете на Египтјаните и од рацете Фараонови!
11 Сега знам дека е Господ поголем од сите богови, и тоа токму во она, со што тие се превознесуваат.'
12 Потоа Јотор, тестот Мојсеев, Му принесе на Бога сепаленица и жртви. Тогаш дојде и Арон и сите старешини Израилеви, и јаде леб со тестот Мојсеев пред Бога.
13 А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеја од утрото до вечерта.
14 И Јотор, гледајки се‘ што прави со народот, рече: 'Што правиш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои од утро до вечер?'
15 А Мојсеј му одговори на тестот свој: 'Народот доа а при мене за да бара суд од Бога.
16 Кога ке им се случи некоја работа, тие доа аат при мене, и јас пресудувам поме у нив, а има ме у нив недоразбирања, и им ги кажувам наредбите Божји и Законот Негов.'
17 Но тестот Мојсеев му рече: 'Не е добро тоа, што го правиш ти.
18 Kе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; оти таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш.
19 Туку послушај ме сега и ке те посоветувам, и Бог ке биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога:
20 Учи ги на наредбите Божји и на законит Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат.
21 А ти од сиот народ одбери способни лу е, кои се плашат од Бога; лу е справедливи, кои мразат горделивост, па постави ги над нив како иљадници, стотници, педесетници, десетници и писари.
22 Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ке ти биде полесно и тие тебе ке ти помагаат.
23 Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ке можеш да истраеш, и сиот тој народ ке си оди мирно во своето место.'
24 И го послуша Мојсеј тестот свој, и направи се‘, како што му рече.
25 И избра Мојсеј од сиот Израил лу е способни, па ги постави: иљадници, стотници, педесетници и десетници.
26 И тие му судеа на народот во секое време, а за тешките работи му кажуваа на Мојсеја; за сите мали работи, пак, судеа сами.
27 Потоа го ослободи Мојсеј тестот свој, и тој си отиде во земјата своја.