2 Самуил. Chapter 2
1 Потоа ДАвид Го праша Господа, велејки: 'Да отидам ли во некој од Јудините градови?' И Господ му рече: 'Оди.' Давид пак праша: 'Каде да одам?' И Он му рече: 'Оди во Хеврон.'
2 И Давид отиде таму со двете жени свои: Израелката Ахиноама и Камелитката Авигеја, бивша Навалова жена.
3 Давид ги одведе и лу ето, што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон.
4 И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давида за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давида, дека жителите од Јавис Галадски го погребале Саула.
5 И Давид испрати претеници до жителите на Јавис Галадски да им кажат: 'Благословени да сте пред Господа, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саула, помазаникот Господов, и што сте го погребале и синот негов Јонатана;
6 и Господ нека ве награди со милост и вистина; и јас ке ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова.
7 А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар над себеси.'
8 Но Авенир, Нировиот син и војвода над Сауловата војска, го зеде Јевостеја, Сауловиот син, го одведе во Маханаим,
9 и го постави за цар над Галад, Ашур и Језраел, над Ефрема и Венијамина и над сиот Израил.
10 А Јевостеј, Сауловиот син, беше на четириесет години, кога се зацари над Израилот, и царуваше две години. Само Јудиниот дом остана со Давида.
11 Сето време, во кое Давид царуваше во Хеврон над Јудиниот дом, беше седум години и шест месеци.
12 Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Јевостеј, од Маханаим во Гаваон.
13 Излезе и Јоав, синот Саруев, со Давидовите слуги и се сретнаа при Гаваонскиот поток, и застанаа еден од едната страна на потокот, а другиот - од другата страна на потокот.
14 А Авенир му рече на Јоава: 'Нека станат момците и нека се борат пред нас.' И Јоав рече: 'Нека станат.'
15 И станаа, та отидоа дванаесет Венијаминци од страната на Јевостеја, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги.
16 И тие се фатија еден со друг за главите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Хасурим, кое е во Гаваон.
17 И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со Израилските лу е беше победен од Давидовите слуги.
18 Таму беа тројца синови Саруеви: Јоав, Авеса и Асаил. А Асаил беше со лесни нозе, како срна во полето.
19 Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, а да не скршнува ни десно, ни лево од стапките на Авенира.
20 Авенир се сврте назад и рече: 'Ти ли си, Асаиле?' Тој одговори: 'Јас сум.'
21 И Авенир му рече: 'Скршни десно или лево, избери си еден од момците и земи го неговото оружје.' Но Асаил не сакаше да го остави.
22 И Авенир повторно му рече на Асаила: 'Остави ме, да не те соборам на земја; со какво лице тогаш ке се јавам пред братот твој Јоава?'
23 Но оној не сакаше да отстапи. Тогаш Авенир го сврти копјето и го прободе во стомахот; копјето мина низ него, и тој падна таму и умре на местото. Сите што минува низ тоа место, каде што беаше паднал и умрел Асаил, застануваа.
24 Јоав и Авеса го гонеа Авенира. Сонцето веке беше зајдено кога стигнаа до ридот Ама, спроти Гај, на патот за Гаваонската пустиња.
25 А Венијаминовите синови се собраа околу Авенира и образуваа чета и застанаа на врвот од еден рид.
26 И Авенир извика кон Јоава и рече: 'Вечно ли меч ке истребува? Или не знаеш, дека подоцнежните ке бидат горчливи? И кога ке им кажаш на лу ето да престанат да ги гонат браката свои?'
27 А Јоав рече: 'Жив Бог! Ако ти не говореше поинаку, уште ова утро лу ето сакаа да престанат да ги гонат браката свои.'
28 И Јоав затруби со труба и сиот народ застана, и повеке не ги гонеа Израилците; битката престана.
29 Авенир, пак, и лу ето негови врвеа преку полето цалата нок, го преминаа Јордан, минаа преку целиот Витрон и стигнаа во Маханаим.
30 Се врати и Јоав од гонењето на Авенира и го собра сиот народ, а од Давидовите слуги, освен Асаила, недостигаа деветнаесет души.
31 А Давидовите слуги ги поразија Венијаминовите и Авенировите лу е, од кои паднаа триста и шеесет души.
32 И го зедоа Асаила и го погребаа во Витлеем, во татковиот му гроб. А Јоав со лу ето свои одеше цела нок и во зорите стигна во Хеврон.