2 Самуил. Chapter 16

1 Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доа а Сива, слугата на Мемфивостеј, со два натоварени осела со двесте лебови, сто вреки суво грозје, сто низи смокви и со мешина вино.
2 Царот го праша Сива: 'Зошто ти е тоа?' Сива одговори: 'Ослите се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодовите за храна на момците, а виното за изнемоштените во пустињата.'
3 Царот праша: 'Каде е синот на господарот твој?' Сива му одговори на царот: 'Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‘токму сега домот Израилев ке ми го врати татковото ми царство.‘'
4 И му кажа на Сива: 'Ете, твое е се што има Мемфивостеј.' А Сива одговори, поклонувајки се: 'Можеби ке најдам милост пред очите на мојот господар - цар!'
5 Кога царот Давид стигна до Ватирим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Семеј, син на Гирана. Тој одеше и лошо зборуваше,
6 и фрлаше камења врз Давида и врз сите слуги на царот Давид; и сите лу е и сите храбри беа десно и лево од царот.
7 Зборувајки лошо за него, Семеј велеше: 'Истави се, убиецу, и беззаконику!
8 Господ ја сврти против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалома; и ете, ти си во невоља, затоа што си крвопиец.'
9 Тогаш Авес, Саруевиот син, му рече на царот: 'Зошто овој мртов пес зборува лошо за господарот мој, за царот? Kе одам и ке му ја симнам главата.'
10 Царот рече: 'Што ни е нам, мене и вам, до Саруевите синови? Оставете го нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал да зборува лошо за Давида. А кој може да каже: ‘Зошто правиш така?‘
11 И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: 'Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотоклу повеке еден Венијаминов; оставете го, нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал;
12 можеби, Господ ке погледне милостиво кон унижувањето мое, и ке ми воздаде Господ добро за денешното лошо зборување.'
13 и одеа Давид и лу ето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, зборуваше лошо и фрлаше камења и земја кон него.
14 И стигна царот и сиот народ негов, што беше со него, изморен, и таму со отпочинуваше.
15 Авесалом, пак, и сиот Израилски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.
16 Кога Хусиј, Давидовиот прв пријател, дојде при Авесалома, му рече: 'Да живее царот!'
17 И Авесалом му рече на Хусија: 'Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?'
18 Хусиј му одговори на Авесалома: 'Не, јас ке отидам по оној, што го избра Господ и оној народ и целиот Израил; со него сум и јас, и со него ке останам.
19 И притоа кому ке му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ке ти служам и тебе.'
20 И Авесалом му рече на Ахитофела: 'Дајте совет, што да правиме.'
21 Ахитофел му одговори на Авесалома: 'Влези при наложниците на татко ти, што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ке чујат сите Израилци, дека си станал намразен за таткото, и ке им зацврстат рацете на сите, што се со тебе.'
22 И поставија за Авесалома шатор на покривот, и Авесалом влезе при наложниците на татка си пред очите на сиот Израил.
23 А советите на Ахитофела, што тој ги даваше, во она време се сметаа, како некој да се допрашувал до Бога. Таков беше секој Ахитофелов совет како за Давида, така и за Авесалома.