2 Самуил. Chapter 18
1 Давид ги прегледа лу ето, што беа со него, и постави над нив иљаданачалници и стотници.
2 Давид ги испрати лу ето - една третина под водство на Јоава, една третина под водство на Авеса, синот Саруев, брат Јоавов, една третина под водство на Гетецот Етеј. Тогаш царот им рече на лу ето: 'И јас ке дојдам со вас.'
3 Но лу ето му одговорија: 'Не доа ај, зашто, ние и да избегаме, тоа нема да се забележи; и половината од нас да умре, тоа исто така нема да се забележи; ти, ти, бидејки, сам чиниш, колку десет иљади од нас, затоа подобро е за нас да ни помагаш од градот.'
4 Царот им рече: 'Што ке најдете за добро, тоа и ке го направам.' И царот се задржа при портите, и сиот народ излегуваше по стотици и по иљади.
5 Царот им заповеда на Јоава, Авеса и Етеја, велејки: 'Зачувајте ми го момчето Авесалома.' И сите слушаа, што им заповедаше царот на сите началници за Авесалома.
6 Излегоа лу ето во полето против Израилците, и започна битка во Ефремовата гора.
7 И народот Израилев беше победен од Давидовите луги; тој ден таму стана голем пораз, - беа убиени дваесет иљади души.
8 А битката се прошири по целата онаа земја, и гората погуби повеке народ, отколку што се истреби со мечот во тој ден.
9 Авесалом се сретна со Давидовите слуги; тој јаваше маска. Кога маската навлезе под гранките на еден голем даб, косата на Авесалома му се заплетка во гранките од дабот, и тој почна да виси ме у небото и земјата, а маската, што беше под него, избега.
10 Некој го виде тоа и му јави на Јоава, велејки: 'Ете, јас го видов Авесалома како виси на дабон.'
11 Јоав му кажа на човекот што му го соопшти тоа: 'Ете, си видел; зошто не го кутна таму на земја? Kе ти дадев десет сикли сребро и еден појас.'
12 И оној му одговори на Јоава: 'Да ставеа во рацете мои и иљада сикли сребро, и тогаш не би кренал рака врз царскиот син; зашто ние чувме, дека царот ти заповеда тебе, на Авеса и на Етеја, велејки: ‘зачувајте ми го момчето Авесалома;
13 и да бев постапил поинаку во опасност по животот свој, тоа не би останало сокриено од царот, па и ти би станал против мене.'
14 Јова рече: 'Нема зошто да се занимавам со тебе.' И зеде во рацете три стрели и ги забоде во срцето на Авесалома, кој уште беше жив на дабот.
15 Тогаш го опколија Авесалома десет момци, Јоавови оруженосци, го удираа и го умртвија.
16 И затруби Јоав со труба, и лу ето, што го гонеа Израилот, се вратија, бидејки Јоав го штедеше народот.
17 Го зедоа Авесалома, го фрлија во гората, во длабока јама, и натрупаа врз него голема грамада камења. И сите Израилци се разбегаа, секој во шаторот свој.
18 Уште додека беше жив, Авесалом си беше изградил споменик во царската долина; зашто велеше: 'Јас немам син, за да се зачува споменот за името мое'. И до денес тој се нарекува Авесаломов споменик.'
19 Ахимас, син Садоков, му рече на Јоава: 'Kе трчам да му јавам на царот, дека Господ преку Својот суд го спаси од рацете на непријателите негови.'
20 Но Јоав му рече: 'Нема да бидеш добар известувач денес; друг ден ке јавиш, а не денес, зашто царевиот син умре.'
21 Јоав му рече потоа на Хусија: 'Оди, јави му на царот што си видел.' И Хусиј му се поклони на Јоава и отрча.
22 Но Ахимас, Садоковиот син, настојуваше и му велеше на Јоава: 'Што и да биде, и јас ке трчам по Хусија.' а Јоав му одговори: 'Што ти треба да трчаш, синко? Добра вест нема да однесеш.'
23 Ахимас рече: 'Така нека биде, но јас ке отрчам.' Тогаш Јова му рече: 'Трчај.' И Ахимас потрча по напречен пот и го испревари Хусија.
24 Во тоа време Давид седеше ме у двете порти. И стражарот излезе под вратната стреа откај sидот, ги крена очите и виде, еден човек трча.
25 И стражарот извика и му соопшти на царот. А царот рече: 'Ако е сам, вест носи во устата своја.' А оној се повеке и повеке се приближуваше.
26 Стражарот виде друг човек дека трча; и стражарот му викна на вратарот: 'Ете, уште еден човек трча.' Царот рече: 'И тој е известувач.'
27 Сражарот рече: 'Го гледам одењето на привиот, тоа прилега на одењето на Ахимаса, Садоковиот син.' А царот рече: 'Тој е добар човек и доа а со добра вест.'
28 Ахимас извика и му рече на царот: 'Мир!' И му се поклони на царот со лицето до земја и рече: 'Благословен Господ, Бог твој, Кој ги предаде лу ето, што беа кренале рака против мојот господар, царот!'
29 А царот праша: 'Здраво ли е момчето Авесалом?' Ахимас одговори: 'Видов голема мешаница, кога царскиот служител Јоав го испракаше својот слуга; не не знам, што стануваше таму.'
30 Царот рече: 'Помести се и застани тука.' И тој се помести и застана.
31 Ете, пристигна и Хусиј по него. И Хусиј му рече на царот: 'Добра вест за господарот мој, царот! Господ ти направи денес правда, спасувајки те од раката на сите, што беа станале против тебе.'
32 А царот го праша Хусија: 'Здраво ли е момчето Авесалом?' Хусиј одговори: 'Да даде Бог со непријателите на мојот господар, царот, и со сите зломислиници против тебе да се случи истото, што го снајде момчето!'
33 Се збрка царот и отиде во собата над портите и плачеше и, кога си одеше, велеше вака: 'Сине Авесаломе! Сине, сине Авесаломе! О, да бев умрел јас наместо тебе, Авесаломе, сине мој, сине!'