Левит. Chapter 24
1 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2 'Заповедај им на синовите Израилеви да земат чист маслинов елеј, исцеден за осветување, та светлото да гори секогаш
3 зад завесата во скинијата на сведоштвото, а ке го палат Арон и синовите постојано пред Господа од вечерта дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши.
4 На чистиот свекник палете ги светилата постојано пред Господа дури до утредента;
5 и земете пченично брашно и измесете од него дванаесет лебови - секој леб да тежи по две десетини ефа;
6 поставете ги во два реда, по шест во ред, на чистата трпеза пред Господа.
7 И во секој ред ставете и ливан, како и сол; и тоа нека биде крај лебовите како спомен на приносот за Господа.
8 Секој саботен ден постојано да се предлагаат лебови пред Господа од синовите Израилеви: тоа е вечен завет.
9 Тие да му припа аат на Арона и на синовите негови за да ги јадат на свето место; тоа е голема светиња, дел од жртвите за Господа, овековочена со закон.'
10 Тогаш излезе синот на една жена Израилка, што го беше родила со Египтјанин, ме у синовите Израилеви и се скара со еден Израилец во населбата;
11 и синот на Израилката похули на Господовото име. И го доведоа кај Мојсеја; името на мајката негова беше Саломит, Давринова керка од племето Даново;
12 па го ставија в затвор додека не се донесе за него пресуда според заповедта Господова.
13 И му рече Господа на Мојсеја велејки:
14 'Изведи го оној што хулеше надвор од живеалиштето, а и сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења,
15 и кажи им на синовите Израилеви: секој што ке похули на својот Бог, ке го прими својот грев;
16 и оној што ке го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придојден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре.
17 Кој ке убие човек, да биде умртвен.
18 Кој ке удри добиток и тој умре, да го плати - добиток за добиток.
19 На оној, што ке му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој;
20 прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на човек, така и нему да му се направи.
21 И кој удри човек и умре, да биде умртвен.
22 Една правда да има како за придојден така и за тукашен, затоа што Јас сум Господ, вашиот Бог.'
23 Тогаш Мојсеј им кажа се‘ на синовите Израилеви; и го изведоа оној што беше похулил надвор од населбата и сиот народ го уби со камења; синовите Израилеви направија така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.