1 Цареви. Chapter 2

1 Наближи времето да умре Давид, и тој му заповеда на синот свој Соломона, велејки:
2 'Еве, јас заминувам по патот на сите смртни, а ти биди храбар и човек,
3 и чувај го заветот Господов, твојот Бог, одејки по Неговите патишта и да ги чуваш повелбите Негови и заповедите Негови, судовите Негови и законите Негови, како што е напишано во Мојсеевиот закон, за да бидеш благоразумен во се, што и да правиш, и насекаде, каде и да се свртиш,
4 та Господ да го исполни зборот Свој, што го беше кажал за мене, велејки: ‘Ако твоите синови ги чуваат патиштата свои, за да одат пред Мене во вистината од се срце и од сета душа, нема да недостига човек од тебе на Израилевиот престол.‘
5 Но - ти знаеш, што ми направи Саруевиот син Јоав, како постапи со двајцата војводи на израилската војска, со Нировиот син Авенир и со Јетеровиот син Амасеј, како ги уби и во мирно време пролеа крв како во борба, и со борбена крв го искрвави појасот на крстот свој и обувките на нозете свои;
6 а ти постапи со мудроста своја, за да не ја отпуштиш староста негова со мир во пеколот.
7 А на синовите од галадецот Верзелиј направи им милост, та да бидат ме у оние, што се хранат на твојата трпеза, бидејки тие дојдоа при мене, кога бегав од братот твој Авесалома.
8 Ете, при тебе е и Семеј, синот на Венијаминецот Гера од Ваурим; тој ме навредуваше со тешки навреди, кога одев во Маханаим; но тој ми излезе во пресрет при Јордан, и јас му се заколнав во Господа, велејки: нема да те погубам со меч.
9 Но ти не го оставај неказнет, бидејки си мудар човек и знаеш што треба да направиш со него, та да ја собориш староста негова окрвавена во пеколот.'
10 И потоа Давид почина при татковците свои и беше погребан во Давидовиот град.
11 А Давид царуваше над Израилот четириесет години: во Хеврон царуваше седум години и во Ерусалим царуваше триесет и три години.
12 Тогаш Соломон седна на престолот на татка си Давида, и царството негово се зацврсти многу.
13 А Адонија, Агитиниот син, дојде кај Вирсавија, Соломоновата мајка и и се поклони. Таа го праша: 'Со мир ли си дојден?' Тој одговори: 'Со мир.'
14 И тој рече: 'Имам нешто да ти кажам.' Таа му рече: 'Кажувај.'
15 Тогаш тој продолжи: 'Ти знаеш, дека царството ми се па аше мене, и сиот Израил ги свртуваше погледите кон мене, како кон иден цар; но царството отиде од мене и се падна на братот мој, бидејки тоа беше од Господа.
16 Сега те молам за едно: не ми откажувај.' Таа му рече: 'Говори.'
17 И тој пак продолжи: 'Те молам проговори му на царот Соломона, бидејки тој нема да ти откаже, да ми ја даде за жена Сунамитката Ависага.'
18 Вирсавија одговори: 'Добро, јас ке зборувам со царот за тебе.'
19 И Вирсавија влезе при царот Соломона да му говори за Адонија. Царот стана пред неа, и се поклони и седна на престолот свој. Поставија престол и за царевата мајка, и таа седна десно од него;
20 и рече: 'Имам една молба кон тебе, не ми откажувај.' А царот и одговори: 'Барај, мајко, нема да ти откажам.'
21 Таа рече: 'Дај му ја Сунамитката Ависага за жена на братот твој Адонија.'
22 Тогаш цар Соломон одговори и и рече на мајка си: 'А зошто ја бараш Сунамитката Ависага за Адонија? Побарај го за него и царството, бидејки тој ми е поголем брат, откај него се свештеникот Авијатар, и Саруевиот син Јоав воен началник и пријател.'
23 И царот Соломон се заколна во Господа, велејки: ‘Тоа и тоа да ми направи Господ и уште повеке да ми додаде, ако Адонија не ги кажал тие зборови по цана на душата своја.‘
24 А сега - 'жив ми Господ, Кој ме зацврсти и постави на престолот од мојот татко Давида и Кој ми основа дом, како што беше говорел Он, - сега Адонија треба да умре.'
25 И царот Соломон го испрати Јодаевиот син Ванеја, кој го удри и тој умре.
26 На свештеникот Авијатар царот му рече: 'Оди си во Анатот на нивата своја; ти заслужуваш смрт, но сега нема да те погубам, бидејки си го носел ковчегот на Господа Бога пред татко ми Давида, и си трпел се, што трпел и татко ми.'
27 И Соломон го отстрани Авијатара од Господовото свештенство, и се исполни словото на Господа, што го беше кажал за Илиевиот дом во Силом.
28 Дојде глас за тоа до Јоава, - бидејки Јоав ја држеше страната на Адонија, а не ја држеше страната на Соломона, - и Јоав избега во Господовата скинија и се фати за роговите на жртвеникот.
29 Му соопштија на цар Соломона, дека Јоав избегал во Господовата скинија и дека е кај жртвеникот. Соломон го испрати Јодаевиот син Ванеја, велејки: 'Оди, убиј го и погреби го.'
30 Ванеја дојде во Господовата скинија и му рече на Јоава: 'Вака кажа царот: излегувај.' А тој одговори: 'Не, јас сакам тука да умрам.' Ванеја му го соопшти тоа на царот, велејки: 'Така рече Јоав и така ми одговори.'
31 Царот му рече: 'Направи како што рекол тој: убиј го и погреби го, и пролеаната невина крв од Јоава ке ја измиеш од мене и од домот на татка ми;
32 Господ нека ја сврти крвта негова врз неговата глава, поради тоа што уби двајца невини мажи подобри од него: тој го погуби со меч, без знаење на татка ми Давида, Нировиот син Авенир, воен началник Израилски, и Етеровиот син Амасеј, воен началник Јудејски;
33 нека се сврти крвта нивна врз главата на Јоава и врз потомството негово засекогаш, а на Давида, и на потомството негово, и на домот негов, и на престолот негов нека биде мир од Господа засекогаш!'
34 И отиде Јодаевиот син Ванеја, го удри Јоава и го уби; и тој беше погребан во куката своја, во пустињата.
35 Тогаш царот Соломон го постави Јодаевиот син Ванеја над војската место него; а управата на царството беше во Ерусалим. Свештеникот Садок, пак, царот го постави за првосвештеник место Авијатара.
36 Царот испрати, та го повика Семеја и му рече: 'Изгради си дом во Ерусалим и живеј тука и никаде не излегувај оттука;
37 и знај, дека во оној ден, во кој ке излезеш и ке го минеш потокот Кедрон, бездруго ке умреш; крвта твоја ке биде врз твојата глава.'
38 А Семеј му рече на царот: 'Добро; како што заповеда мојот цар - господар, така ке направи твојот слуга.' И Семеј живееше во Ерусалим долго време.
39 Но по три години се случи, та двајца од Семеевите слуги да избегаат при гетскиот цар Анхус, Махов син. И му јавија на Семеја, велејки: 'Ете, твоите слуги се во Гет.'
40 Семеј стана, го оседла оселот и тргна за Гет при Анхуса да ги бара слугите свои. Семеј се врати и ги доведе слугите свои од Гет.
41 И го известија Соломона, дека Семеј одел од Ерусалим во Гет и се вратил.
42 Тогаш царот испрати, та го повика Семеја и му рече: 'Нели ти се заколнав во Господа и не ли ти соопштив, велејки: знај дека во оној ден, во кој ке излезеш и ке отидеш некаде, бездруго ке умреш? И ти ми одговори: добро.
43 Па зошто не ја запази заповедта, што ти ја дадов пред Господа со клетва?'
44 Уште му рече на Семеја царот: 'Ти го знаеше и го знае срцето твое сето зло, што си му го направил на татка ми Давида. Туку Гсопод нека ја сврти злобата твоја врз твојата глава!
45 А цар Соломон да биде благословен, и Давидовиот престол да стои цврсто пред Господа засекогаш!'
46 И царот му заповеда на Јодаевиот син Ванеја, и тој отиде, та го удри Семеја, и тој умре.