1 Цареви. Chapter 3

1 Кога се зацврсти царствово во рацете на Соломона, Соломон се сроди со Фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата керка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и sидовите околу Ерусалим.
2 Народот уште принесуваше жртви по обречените места, бидејки до она време не беше изграден дом на името Господово.
3 Соломот го возљуби Господа, одејки по наредбите на татка си Давида, но и тој принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата.
4 Затоа царот отиде во Гаваон, за да принесе таму жртва, бидејки таму беше главиот жртвеник. Иљада сепалениците принесе Соломон врз тој жртвеник.
5 Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноке во сон и му рече: 'Барај што сакаш да ти дадам.'
6 Соломон одговори и рече: 'Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татка ми Давида; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и правдата и со искрено срце пред Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој ке седи на престолот негов, како што е тоа денес;
7 и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татка ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам ни да излегувам, ни да влегувам.
8 А Твојот слуга е среде Твојот народ, што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа.
9 Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце, за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?'
10 Угодно Му беше на Господа, што Соломон го побара тоа.
11 Господ му рече: 'Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум, за да умееш да судиш, -
12 Јас ке направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе;
13 и она што не го побара, Јас ти го давам, - и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе ме у царевите во сите твои денови;
14 и ако одиш по Мојот пат, пазејки ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ке ги продолжам и твоите дни.'
15 Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана пред жртвеникот при ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви благодарствени и богато ги нагости сите слуги свои.
16 Тогаш дојдоа при царот две жени блудници и се исправија пред него.
17 И едната жена рече: 'О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една кука, и родив при неа во таа кука;
18 а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куката при нас немаше никој надворешен човек; само ние двете бевме во куката.
19 Преку нок умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него;
20 а таа преку нок станала, го зела мојот син од мене, кога јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради.
21 Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син, што го бев родила.'
22 Другата жена рече: 'Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот.' А таа и велеше: 'Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот.' И се препираа така пред царот.
23 Царот тогаш рече: 'Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрениот; а онаа говори: 'Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот.'
24 Потоа царот рече: 'Дајте ми меч!' И му донесоа меч.
25 И тогаш царот рече: 'Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата.'
26 И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата нејзина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: 'О, господаре мој! Дајте и го тоа дете живо и не го убивајте'. А онаа другата рече: 'Нека биде ни мое, ни твое, сечете го!'
27 И царот проговори и рече: 'Дајте и го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка.'
28 И сиот Израил чу за судот, како пресуди царот. И почнаа да се плашат од царот, зашто видоа дека има мудрост Божја во него, за да извршува суд.