1 Цареви. Chapter 13
1 Е ете, според словото Господово, дојде еден божји човек од Јудеја во Ветил во она време, кога Јеровоам стоеше пред жртвеникот, за да прекади.
2 И произнесе кон жртвеникот слово Господово, велејки: 'Жртвенику, жртвенику! Вака вели Господ: ‘ете, во Давидовиот дом ке се роди син по име Осија; тој ке ги принесе врз тебе во жртва идолските свештеници, што кадат врз тебе, и ке изгори врз тебе човечки коски.'
3 И во оној ден тој покажа знак, велејки: 'А, еве, знак, дека Господ го рекол тоа: овој жртвеник ке се урне, и пепелта, што е на него, ке се развее.‘'
4 Кога цар Јеровоам го чу словото на Божјиот човек, изговорено пред жртвеникот во Ветил, ја пружи раката од жртвеникот и рече: 'Фатете го!' Тогаш раката негова, што ја беше пружил кон него, се здрви и не можеше да ја тргне кон себеси.
5 И жртвеникот се урна, и пепелта од жртвеникот се развеа, според знакот, даден од Божјиот човек преку словото Господово.
6 И царот Јеровоам му рече на Божјиот човек: 'Умилостиви го лицето на Господа, твојот Бог, и помоли се за мене, па да ми се поврати раката.' Човекот божји Го умилостиви лицето Господово, и раката се поврати и стана како порано.
7 Тогаш царот му рече на божјиот човек: 'Дојди со мене дома да се поткрепиш; ке ти дадам да јадеш, и ке ти донесам подарок.'
8 Но Божјиот човек му одговори на царот: 'Да ми дадеш и половина од домот свој, нема да дојдам со тебе, нема да јадам леб и нема да пијам вода во тоа место,
9 зашто така ми е заповедано преку словото Господово: ‘не јади таму леб, не пиј вода и не се вракај по патот, по кој си одел.‘'
10 И тој тргна по друг пат и не се врати по оној пат, по кој беше дошол во Ветил.
11 Во Ветил живееше еден пророк - старец. Синовите негови дојдоа и му раскажаа се, што беше направил оној ден Божјиот човек во Ветил; тие му ги раскажаа на татка си и зборовите, што тој му ги беше кажал на царот.
12 И татко им ги праша: 'По кој пат си отиде?' А синовите му покажаа, по кој пат тргна Божјиот човек, што дошол од Јудеја.
13 Тогаш тој им рече на синовите свои: 'Оседлајте ми го оселот.' Тие му го оседлаа оселот, и тој се качи на него.
14 И тргна по Божјиот човек, и го најде како седи по еден даб, и го праша: 'Ти ли си Божјиот човек, што доа а од Јудеја?' Оној одговори: 'Јас сум.'
15 Тогаш му рече: 'Дојди кај мене дома и касни леб.'
16 Оној му одговори: 'Не можам да се вратам со тебе и да дојдам при тебе; нема да јадам леб и нема да пијам вода кај тебе во ова место,
17 зашто преку словото Господово му е речено: 'не јади леб и не пиј вода таму, и не се вракај по патот, по кој си одел.'
18 Тој му рече: 'И јас сум таков пророк како тебе и ангелот ми говореше преку словото Господово и рече: ‘врати го во домот свој; нека касне леб и нека пие вода.‘' Но тој го излага.
19 И оној се врати со него, касна леб во куката негова и се напи вода.
20 Кога тие уште седеа на трпезата, би словото Господово кон пророкот, што го беше вратил.
21 И тој изговори кон Божјиот човек, што беше дошол од Јудеја и рече: 'Вака вели Господ: ‘затоа што не се покори на устата Гсоподова и не ја запази заповедта, што ти ја беше дал Господ, Бог твој,
22 туку се врати, јадеше леб и пиеше вода на ова место, за кое Он ти беше рекол - не јади леб и не пиј вода, телото твое нема да влезе во гробницата на татковците твои.‘'
23 Откако оној јадеше леб и се напи вода, тој го оседла оселот за пророкот, што го беше вратил.
24 И оној си замина. На патот го сретна лав и го умртви. Телото му лежеше испружено на патот; оселот, пак, стоеше до него, а лавот стоеше до телото.
25 И ете, минувачите го видоа телото, испружено на патот, и лавот како стои до телото; и отидоа, та раскажаа во градот, во кој живееше пророкот - старец.
26 Откако го чу тоа пророкот, што го беше вратил од патот, рече: 'Тоа е оној човек Божји, што не ја послуша устата Господова; Госопод го предаде на лав, што го нападнал и го усмртил, според словото Гсоподово, што му беше кажано.'
27 И им рече на синовите свои: 'Оседлајте ми го оселот.' И го оседлаа.
28 Тој отиде и го најде телото негово испружено на патот; а оселот и лавот стоеја до телото; лавот не беше го изел телото и не беше го раскинал оселот.
29 Тогаш пророкот го крена телото на човекот Божји, го стави на оселот и го однесе назад. И пророкот - старец тргна кон градот свој, за да го оплаче и погребе.
30 И го положи телото негово во својата гробница и плачеше за него: 'Леле, брату мој!'
31 Откако го погреба, тој им рече на синовите свои: 'Кога ке умрам, погребете ме во гробницата, во која е погребан Божијот човек, до неговите коски положете ги моите коски,
32 зашто ке се исполни словото, што по заповед на Господа тој го кажа за жртвеникот во Ветил и за сите идолски светилишта во самарските градови.'
33 И по овој настан Јеровоам не се одврати од лошиот пат свој, туку продолжи да поставува идолски свештеници од народот; кого сакаше, него го посветуваше, и тој стануваше идолски свештеник.
34 Тоа го водеше Јеровоамовиот дом во грев, кон пропаст и кон истребувањето негово од лицото на земјата.