1 Цареви. Chapter 10

1 Савската царица, откако чу за славата Соломонова и за името на Господа, дојде да го испита со гатанки.
2 Таа дојде во Ерусалим со многу големо богатство: камилите беа натоварени со благопријатни мириси, со многу злато и скапоцени камења; таа дојде кај Соломона и говореше со него за се, што и беше на срцето.
3 Соломон и ги објасни сите нејзини зборови, и немаше ништо непознато за царот, што не и го објасни.
4 Савската царица ја виде сета мудрост на Соломона, и домот, што тој го беше изградил,
5 и јадењата на трпезата негова, и живеалиштата на слугите негови, и држењето на слугите негови, облеката нивна и пехарниците негови, и сепалениците негови, што ги принесуваше во храмот Господов. И повеке не можеше да се воздржи,
6 па му рече на царот: 'Вистина е она, што го бев слушала во земјата своја за твоите дела и за твојата мудрост;
7 но не верував на зборови, додека не дојдов, и не видоа очите мои: и, ете, мене ни половината не ми беше речено; мудрост и богатство ти имаш повеке отколку што сум слушала.
8 Блажени се твоите лу е, блажени се и тие твои слуги, што стојат пред тебе секогаш и ја слушаат мудроста твоја!
9 Благословен да е Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Израилевиот престол! Господ, поради вечната љубов Своја кон Израилот, те постави за цар, за да вршиш суд и правда.'
10 И таа му подари на царот сто и дваесет таланти злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења; никогаш уште не беа донесувани толку многу благопријатни мириси, колку што Савската царица му подари на цар Соломона.
11 И Хирамовите кораби, што донесуваа злато од Офир, донесоа од Офир големо множество црвено дрво и скапоцени камења.
12 И царот направи од тоа црвено дрво потпирки за храмот Господов и за царскиот дом, и гусли и псалтири за пеачите. Никогаш не беше донесувано толку црвено дрво и не беше видено до тој ден.
13 Тогаш царот Соломон и даде на Савската царица се, што таа пожела и што посака, посебно од она, што цар Соломон и го подари со рацете свои. И се врати таа во земјата своја, таа и сите слуги нејзини.
14 Златото, што му доа аше на Соломона секоја година, тежеше шестотини шеесет и шест таланти,
15 освен она, што се добиваше од разнесувачите на стока и од тргувањето на трговците и од сите арапски цареви и од обласните управници.
16 Цар Соломон направи двесте големи штита од ковано злато, - по шестотини сикли злато се потрошени за секој штит;
17 и триста помали штита од ковано злато, - од по три мини злато за секој штит; и царот ги постави во домот од ливанско дрво.
18 Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато;
19 пред престолот имаше шест степеника; одзади врвот на престолот беше кружен, и од двете страни на седиштето имаше потпирки, а до потпирките стоеја два лава;
20 и уште дванаесет лава стоеја таму од двете страни на шесте степеника. Слично нешто немало во ни едно царство.
21 Сите садови за пиење кај цар Соломона беа златни, и сите садови во домот од ливанско дрво беа од чисто злато; ништо немаше од сребро, зашто во дните на Соломона среброто не се сметаше за нешто;
22 бидејки царот имаше на морето тарсиски кораби заедно со Хирамовите кораби и во три години еднаш доа аа тарсиските кораби и донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.
23 Цар Соломон ги надминуваше сите земни цареви по богатството и мудроста.
24 И сите земни цареви сакаа да го видат Соломона, за да ја послушаат мудроста негова, кој Бог ја беше ставил во срцето негово.
25 И тие му принесуваа, секој од себеси, дар: сребрени садови, облека, оружје и благопријатни мириси, коњи и маски секоја година.
26 Соломон така насобра коњи и коњаници; тој имаше четириесет иљади коли и дванаесет иљади коњаници, кои ги размести по колските градови и при царот во Ерусалим. Тој владееше над сите мориња - од реката до Филистејската земја и до пределите на Египет.
27 Царот го направи среброто во Ерусалим рамноцено со обичните камења, а кедрите поради нивното множесто ги направи рамноцени со дивите смокви, што растеа по низините.
28 Коњи, пак, донесуваа за царот Соломона од Египет; царските трговци ги купуваа до Кува со пари.
29 Купена и донесена до Египет една кола чинеше шестотини сикли сребро, а коњ, - сто и педесет. На ист начин тие со свои раце им ги доставуваа сето тоа на хетејските и арамејските цареви.