1 Цареви. Chapter 17

1 И пророкот Илија, Тесвитец од Галадските жители, му рече на Ахава: 'Жив Господ, Бог Израилев, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор.'
2 Потоа Господа му рече:
3 'Тргни се оттука, сврти се кон исток и сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан;
4 од тој поток ке пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму.'
5 И тој отиде и постапи според словото Господово; отиде и остана при потокот Хорат, кој е спроти Јордан.
6 И гавраните му донесуваа леб и месо наутро, леб и месо навечер; а пиеше од потокот.
7 По извесно време потокот пресуши, бидејки немаше дожд за земјата.
8 Тогаш Господ му рече:
9 'Стани, оди во Сарепта Сидонска и остани таму. Јас и заповедав таму на една жена вдовица да те храни.'
10 И стана тој, па отиде во Сарепта. Кога дојде при градските порти, ете, таму една вдовица жена собира дрва. Тој и се обрати и и рече: 'Донеси му малку вода во сад да пијам!'
11 Таа отиде, за да земе, а тој повика по неа и рече: 'Донеси ми в раце и парче леб!'
12 Таа му одговори: 'Жив ми Господ, твојот Бог, нема ништо печено, туку имам само грст брашно во ноквите и малку масло во масларникот; и, ете, јас ке соберам две - три дрвца, ке отидам и ке го приготвам тоа за себеси и за синот свој; ке го изедеме тоа и ке умреме.'
13 А Илија и рече: 'Не плаши се; оди и направи го она што го рече; но најнапред направи од тоа мала пресна питка за мене и донеси ми; а за себеси и за синот свој ке направиш после;
14 зашто вака вели Господ, Бог Израилев: ‘брашното во ноквите нема да сврши, и маслото во масларникот, нема да се намали до оној ден, во кој Господ ке даде дожд на земјата.‘'
15 Таа отиде и направи така, како што и рече Илија и таа се хранеше, и тој и синот нејзин извесно време.
16 Брашното во ноквите не се свршуваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господа, што Он го изрече преку Илија.
17 Потоа се разболе синот на таа жена, на домакинката, и болеста негова беше толку силна, што не можеше да диши.
18 Тогаш таа му рече на Илија: 'Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гревови и да го умреш синот мој.'
19 А тој и одговори: 'Дај ми го синот твој.' И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што живееше го положи на леглото свое;
20 па повика кон Господа и рече: 'Господи, Боже мој! Зар Ти на вдовицата, при која живеам, ке и направиш зло, погубувајки и го синот нејзин?'
21 И откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господа и рече: 'Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него!'
22 И Господ го чу гласот на Илија, му ја врати душата на момчето во него, и тоа оживе.
23 Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, и го предаде на мајка му и рече: 'Еве, син ти е жив!'
24 Тогаш жената му рече на Илија: 'Сега навистина дознав, дека ти си Божји човек, и дека словото Господово во твојата уста е вистинско.'