1 Цареви. Chapter 9

1 Откако Соломон заврши градбата на Господовиот храм, на царскиот дом и се, што беше посакал да направи,
2 Господ повторно му се јави на Соломона, како што му се беше јавил во Гаваон.
3 И Господ му рече: 'Јас ја чув твојата молитва и твојата молба, за која Ме молеше и направив се според твојата молитва, го осветив тој храм, што го изгради ти, за да биде засеговаш името Мое таму довека, и очите Мои, и срцето Мое ке бидат таму во сите дни.
4 А ти, ако одиш пред Моето лице, како што одеше татко ти Давид, со чисто срце и со правина, исполнувајки се, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш Моите уредби и Моите закони,
5 Јас ке го поставам твојот царски трон над Израилот засекогаш, како што му реков на татка ти Давида, велејки: ‘Нема да престане да излегува од тебе маж, кој седи на престолот Израилев.‘
6 Ако вие и синовите ваши отстапите од Мене и не ги пазите Моите заповеди и Моите уредби, што сум ви ги дал, и ако тргнете и почнете да служите на други богови и да им се поклонувате,
7 Јас ке го истребам Израилот од лицето на замјата, што сум му ја дал, и храмот, што сум го посветил на Мое име, ке го отфрлам од лицето Свое, и Израилот ке стане за приказ и за подбивање кај сите народи.
8 И за тој висок храм, секој, што ке мине покрај него, ке се вжаси, ке потсвирне и ке рече: ‘зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘
9 И ке речат: ‘затоа, што тие го оставија Господа, својот Бог, Кој ги изведе татковците нивни од Египетската земја, и се приврзаа кон други богови, им се поклонуваа и им служеа, - затоа Господ им го испрати ова зло!‘'
10 Откако изминаа дваесет години, во текот на кои Соломон изгради два дома, - домот Господов и царскиот дом, -
11 за кои тирскиот цар Хриам му набавуваше на Соломона кедрово дрво и кипарисово дрво и злато според желбата негова, - цар Соломон му даде на Хирама дваесет градови во Галилејската земја.
12 И Хирам излезе од Тир да ги прегледа градовите, што му ги даде Соломон, и тие не му се допаднаа.
13 Затоа тој рече: 'Какви се тие градови, што ти, брате мој, ми ги даде?' И ги нарече замја Кавул, како што се нарекуваат и денес.
14 А Хирам му беше испратил на царот сто и дваесет таланти злато.
15 Оттука и распределбата за данокот, што го наложи Соломон, за да го изгради храмот Господов и својот дом, Мелон и sидовите ерусалимски, Асор и Мегидон и Газер.
16 Фараонот, египетскиот цар, беше дошол и го презел Газер, и со оган го беше изгорел, а Хананејците, што живееја во градот, ги беше испотепал, и го беше дал како мираз на керка си, Соломоновата жена.
17 И тогаш Соломон го изгради Газер и Долни Веторон,
18 Валат, Тамор во пустињата,
19 и сите градови житници, што ги имаше Соломон, и градовите за колите, градовите за коњицата и се она, што Соломон сакаше да изгради во Ерусалим, на Ливан и по целата земја на своето владение.
20 Сите лу е, останати од Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананејците, Евејците, Јевусејците и Герпесејците, кои не беа од Израилевите синови,
21 децата нивни, останати по нив во земјата, кои Израилевите синови не можеа да ги истребат, - Соломон ги направи поданички работници, какви што се и денес.
22 А синовите Израилеви Соломон ги правеше работници; тие беа негови војници, служители, великодостојници, полководци и заповедници на неговите коли и на неговите коњаници.
23 Главините, пак, распоредници над Соломоновите работи, односно управниците на народот, што ја извршуваа работата, беа петстотини и педесет.
24 Фараоновата керка премина од Давидовиот град во својот дом, што го изгради Соломон за неа. Потоа тој го изгради Мелон.
25 Соломон принесуваше трипати годишно сепаленици и мирни жртви на жртвеникот, што Му го беше изградил на Господа, и кадеше врз него пред Господа. Така заврши градбата на домот.
26 Цар Соломон направи исто така и кораби во Гасион-Гавер, кој е при Елат, на брегот на Црвеното Море, во Идумејската земја.
27 И Хирам испрати на тие кораби свои поданици - корабари, што го знаат морето, заедно со Соломоновите поданици;
28 тие отидоа во Офир и зедоа оттаму злато четиристотини и дваесет таланти и му го донесоа на цар Соломона.