1 Цареви. Chapter 18

1 Откако изминаа многу денови, пак му рече Господ на Илија во третата година: 'Оди и јави му се на Ахава, и јас ке дадам дожд на земјата.'
2 Илија отиде да му се јави на Ахава. А во Самарија имаше голем глад.
3 И Ахава го повика Авдија, управникот на дворецот. Авдија, пак, беше човек кој многу се боеше од Господа.
4 Кога Језавела ги истребуваше пророците Господови, Авдиј зеде сто пророци и ги криеше во пештери, по педесет лу е, и ги хранеше со леб и вода.
5 И Ахав му рече на Авдија: 'Тргни по земјата, по сите водни извори и по сите потоци во земјата, можеби некаде ке најдеме трева, за да си ги прехраниме коњите и маските и да не се лишиме од добитокот.'
6 И тие ја разделија ме у себе земјата, за да ја обиколат: Ахав тргна одделно по еден пат, а Авдиј тргна одделно по друг пат.
7 Кога Авдиј врвеше по патот, ете, во пресрет му доа а Илија. Тој го позна, падна ничкум и рече: 'Ти ли си, господару мој Илија?'
8 Овој му одговори: 'Јас сум; оди и кажи му на господарот свој: ‘Илија е тука.‘'
9 Тој рече: 'Што сум виновен, па го предаваш својот слуга во рацете на Ахава, за да ме убие?'
10 'Жив Господ, твојот Бог! Нема ниеден народ и царство, каде што не испракал господарот мој да те бара; и кога му кажуваа дека те нема, тој земаше клетва од тоа царство и народ, дека не можеле да те најдат;
11 а ти сега велиш, оди и кажи му на господарот: Илија е тука.
12 Кога јас ке си отидам од тебе, Духот Господов ке те однесе, не знам каде; и ако отидам да му јавам на Ахава, и тој не те најде, ке ме убие; а слугата твој е богобојазлив од младини.
13 Зар не му е кажано на мојот господар, што сторив јас, кога Језавела ги избиваше Господовите пророци, како криев сто Господови пророци, по педесет души во пештера, и ги хранев со леб и вода?
14 А ти сега велиш: оди и кажи му на твојот господар: Илија е тука; тој ке ме убие.'
15 Тогаш Илија му рече: 'Жив Господ Саваот, пред Кого стојам, денес ке му се јавам!'
16 Авдиј отиде да го пресретне Ахава и му јави, и Ахав отиде да го пресретне Илија.
17 Штом Ахав го виде Илија, му рече: 'Ти ли си, што го вознемируваш Израилот?'
18 Илија му одговори: 'Јас не го вознемирувам Израилот, туку ти и татковиот дом твој, бидејки ги презревте Господовите заповеди и врвите по Вааловците;
19 сега испрати и собери го при мене сиот Израил на гората Кармил, и четиристотините и педесет Ваалови прорци и четирите стотини пророци од дубравата, што се хранат од трпезата на Језавела.'
20 И Ахав испрати до сите Израилеви синови и ги собра сите пророци на гората Кармил.
21 Тогаш Илија пристапи кон сиот народ и рече: 'Уште ли ке храмите на двете колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако ли е Ваал - одете по него.' А народот не му одговори ни збор.
22 И му рече Илија на народот: 'Само јас останав пророк Господов, а Ваалови пророци има четиристотини и педесет души и четиристотини идолски пророци;
23 нека ни дадат две телиња и нека си изберат едно теле, и да го расечат и стават врз дрва, но оган да не потпалуваат; јас, пак, ке го приготвам другото теле и ке го ставам врз дрва, и оган нема да потпалувам;
24 тогаш повикајте го името на вашиот бог, јас, пак, ке го повикам името на Господа, мојот Бог. Оној Бог, Кој ке одговори преку оган, Он е Бог.' И сиот народ одговори и рече: 'Добро, нека биде така!'
25 Потоа им рече Илија на Вааловите пророци: 'Изберете си едно теле и пригответе го вие најнапред, бидејки сте многу; и повикајте го името на вашиот бог, и оган не потпалувајте.'
26 И ете го зедоа телето, што им беше дадено, го приготвоја и го повикуваа името на Ваала од утрината до пладне, велејки: 'Ваале, почуј не!' Но немаше ни глас, ни одговор. И тие скокаа пред жртвеникот, што беа го направиле.
27 Попладнето Илија почна да им се потсмева и велеше: 'Викајте посилно, зашто тој е бог; можеби се замислил, или е зафатен со нешто, или е на пат, а можеби и спие, - така ке се разбуди!'
28 И тие почнаа да викаат високо и според обичајот свој да се бодат со ножеви и копја, така што крв течеше од нив.
29 Мина пладне, а тие се уште беснееја токму до вечерното жртвопринесување; но не се чу ни глас, ни одговор, ниту слух. Тогаш Илија Тесвитецот им рече на Вааловите пророци: 'А сега тргнете се вие, та и јас да го извршам своето жртвопринесување.' Тие се тргнаа и замолкнаа.
30 Тогаш Илија му рече на сиот народ: 'Приближете се до мене.' И сиот народ се приближи до него. Тој, пак, го подигна урнатиот жртвеник Господов.
31 И зеде Илија дванаесет камења, токму колку што се колената на синовите на Јакова, кому Господ му беше рекол вака: 'Израил ке биде твоето име.'
32 И изгради од тие камења жртвеник во името на Господа, а околу жртвеникот направи окоп, што собираше две мери зрна, за да се посеат,
33 и постави дрва врз жрвеникот, го расече телето, го стави врз дрвата,
34 и рече: 'Наполнете четири ведра вода и поливајте ја жртвата сепаленица и дрвата!' И направија така. Потоа рече: 'Повторете!' И тие повторија. Тогаш рече: 'Направете го тоа по третпат.' И тие го направија и по третпат.
35 И водата се разлеа околу жртвеникот, а окопот се наполни со вода.
36 Кога ја принесуваа вечерната жртва, пророкот Илија се приближи, извика кон небото и рече: 'Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие лу е, дека си Ти единствен Бог во Израилот, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив се според Твоето слово.
37 Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ, дека Ти, Господи, си Бог и ти ке го свртиш срцето нивно кон Себеси.'
38 И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата, и дрвата, и камењата и земјата, и ја голтна водата, што беше во окопот.
39 Кога го виде тоа, сиот народ падна ничкум и рече: 'Господ е Бог, Господ е Бог!'
40 Тогаш Илија им рече: 'Фатете ги Вааловите пророци, та ниеден од нив да не се сокрие.' Ги фатија, а Илија ги одведе при потокот Кисон и таму ги искла.
41 Илија му рече на Ахава: 'Оди, јади и пиј, зашто се слуша шум од дожд.'
42 Ахав отиде да јаде и да пие, а Илија се искачи на врвот на Кармил, се наведна кон земјата, го стави лицето ме у колениците свои
43 и му рече на слугата свој: 'Оди и погледни кон морето:' Тој отиде, погледна и рече: 'Ништо нема.' Тој пак рече: 'Направи го тоа седумпати.'
44 На седмиот пат слугата рече: 'Ете од морето се крева мало облаче, колку човечка дланка.' Тој му рече: 'Оди, кажи му на Ахава: ‘впрегни ја колата своја и тргнувај, за да не те испревари дождот.‘'
45 Во тоа време небото потемне од облаци и виор, и почна да па а силен дожд. Ахав тогаш седна во колата, заплака и тргна за Језраел.
46 А раката Господова беше врз Илија. Тој го препаша крстот свој и трчаше пред Ахава дури до Језраел