3 Јованово. Chapter 4

1 Затоа, мили и многу сакани мои браќа за кои копнеам, моја радост и мој венец, стојте така цврсто во Господ, мили мои!
2 Ја преколнувам Еводија и ја преколнувам Синтихија да бидат едномислени во Господ.
3 Сепак, те молам и тебе, верен другару, помагај им, зашто со мене се трудеа за Евангелието, заедно со Климент и со другите мои соработници, чии имиња се во Книгата на животот.
4 Радувајте се секогаш во Господ и пак ќе кажам, радувајте се!
5 Bашата трпеливост нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу.
6 Не грижете се за ништо, туку во сè, преку молитва и благодарност, искажувајте ги своите барања пред Бог!
7 А Божјиот мир, што го надминува секое разбирање, ќе ги штити вашите срца и вашите мисли во Христос Исус.
8 Најпосле, браќа, сè што е вистинито, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква доблест, ако е некаква пофалба - размислувајте за тоа!
9 Она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене - тоа правете го, и Бог на мирот ќе биде со вас!
10 Се зарадував многу во Господ, зашто сега најпосле ја оживеавте својата грижа за мене. Bие и инаку се грижевте, но немавте можност.
11 Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен во секакви околности.
12 Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство. Ја научив тајната да бидам сит и да гладувам во секакви околности; да сум во изобилство и во скудност.
13 Сè можам преку Христос, Кој ми дава сила.
14 Туку добро направивте што зедовте учество во моите неволи.
15 А знаете и вие, Вилипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давањето и примањето, освен единствено вие,
16 зашто ми испративте во Солун, еднаш и по вторпат, за моите потреби.
17 Јас не барам подарок, туку го барам плодот што се умножува во ваша полза.
18 Примив сè и имам изобилно. Целосно сум подмирен откако го примив од Епафродит она што ми испративте - благопријатен мирис, жртва прифатлива и по волјата на Бог.
19 А мојот Бог ќе ги исполни сите ваши потреби, според Своето богатство во славата - во Христос Исус.
20 А на нашиот Бог и Татко, слава во сите векови. Амин!
21 Поздравете го секој светија во Христос Исус! Bе поздравуваат браќата кои се со мене.
22 Bе поздравуваат сите светии, а особено оние од Цезаровиот дом.
23 Благодатта на Господ Исус Христос да биде со вашиот дух!