Јуда. Chapter 4

1 Господари, правете им на робовите што е праведно и справедливо, знаејќи дека и вие имате Господар на небото.
2 Бидете постојани во молитва со будност и благодарност!
3 Молете се едновремено и за нас, за Бог да ни отвори врата за словото за да ја навестиме Христовата тајна, заради која сум и во окови,
4 и да ја откријам јасно, онака како што треба да зборувам.
5 Постапувајте мудро спрема надворешните, ползувајќи ја секоја можност.
6 Bашиот говор секогаш да е со благост, зачинет со сол, за да знаете како треба да му одговорите секому.
7 А за мене ќе ве извести Тихик, мил брат и верен служител и слуга во Господ,
8 кого го испраќам кај вас токму затоа, за да дознаете како сме ние и да ги утеши вашите срца,
9 заедно со верниот и мил брат Онисим, кој е кај вас. Тие ќе ви соопштат како е тука.
10 Bе поздравува Аристарх, мојот другар во занданата, Марко, роднината на Барнаба (за кого примивте упатства: ако дојде кај вас, примете го)
11 и Исус, наречен Јуст. Од обрежаните овие се единствени кои ми помагаат за Божјото царство и кои ми беа утеха.
12 Bе поздравува вашиот сонародник Епафрас, слуга на Христос Исус, кој секогаш се бори за вас во молитви, за да стоите совршени и наполно уверени во целата Божја волја.
13 Сведочам за него дека има голема ревност за вас, за оние во Лаодикеја и за оние во Хиераполис.
14 Bе поздравуваат саканиот лекар Лука и Димас.
15 Поздравете ги браќата во Лаодикеја, и Нимфана и црквата во нејзиниот дом.
16 Кога ќе се прочита ова писмо кај вас, погрижете се да биде прочитано и во Лаодикејската црква! А она од Лаодикеја, прочитајте го и вие!
17 Речете му на Архип: 'Bнимавај на службата која си ја примил во Господ, да ја исполниш!'
18 Своерачен поздрав од мене, Павле. Спомнувајте си за моите окови. Благодат со вас!