Второзаконие. Chapter 22
1 Ако видиш теле од братот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај братот твој;
2 ако, пак, братот твој, не е близу до тебе, прибери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека братот твој не ги побара, и тогаш врати му ги;
3 така постапувај со оселот негов, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на братот твој, што тој ке ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш.
4 Ако го видиш оселот на братот твој или телето негово, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно.
5 Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господа, твојот Бог.
6 Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со птички или јајца, и мајката седи над птичките или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите:
7 мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продолжат деновите твои.
8 Ако градиш нова кука, направи околу неа ограда, за да не предизвикаш убиства, ако падне некој од неа.
9 Да не садиш во лозјето твое лози различни, па да не се осветат плодот и семињата, со кои ке го посееш плодот на лозјето твое.
10 Да не ораш со јунец и осел заедно.
11 Да не облекуваш облека, ткаена мешано од волна и лен заедно.
12 Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш.
13 Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази,
14 и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: ‘ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја надов девица‘,
15 тогаш таткото на момата и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на момата при старешините пред портата;
16 и таткото на девојката нека им каже на старешините: ‘му ја дадов керката моја за жена на овој човек, а сега тој ја намрази,
17 и ете, ја обвинува за порочни дела, велејки: 'не ја најдов керката твоја девица'; но еве ги девствените белези на керката моја.‘ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град.
18 Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат,
19 и да го глобат со сто сикли сребро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израилска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот.
20 Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица,
21 тогаш нека ја доведат момата пред вратата на таковата и кука, и градските мажи нака ја каменуваат до смрт, бидјки извршила срамно дело во Израилот, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе.
22 Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израилот.
23 Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,
24 тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: момата поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе.
25 Ако, пак, некој сретне во полето мома свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа,
26 а на момата не правете и ништо; кај момата нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој стане против ближниот свој и го убие;
27 бидејки тој ја сретнал во полето, а свршената мома и да викала, немало кој да ја спаси.
28 Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат,-
29 тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од момата педесет дидрахми во сребро, а таа да биде негова жена, бидејки тој ја осрамотил; преку целиот живот свој тој не може да се разведе од неа.
30 Никој не смее да ја земе жената на таткото свој и да го открива крајот од покривката таткова.