Второзаконие. Chapter 26
1 Кога ке дојдеш во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, и ке ја наследиш и се населиш во неа,
2 земи ги првините од плодовите на земјата твоја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, стави ги во кошница, и оди на она место, кое Господ, твојот Бог, ке го одбере, за да се призива вечно името Негово таму;
3 потоа оди при свештеникот, што се затекол во тие денови и кажи му: ‘денес изјавувам пред Господа, мојот Бог, дека влегов во земјата, за која Господ им се заколна на татковците наши дека ке ни ја даде.‘
4 Свештеникот да ја зема кошницата од раката твоја и да ја стави пред жртвеникот на Господа, твојот Бог.
5 Ти, пак, одговори и кажи пред Господа, твојот Бог: ‘мојот татко ја напушти Сирија и отиде во Египет и се насели таму со мал број лу е, и од него произлезе таму народ голем, силен и многуброен.
6 И Египтјаните се озлобија на нес, не притиснаа и ни наложуваа тешка работа;
7 тогаш ние Му се пожаливме на Господа, Бог на нашите татковци, и Господ ја чу нашата молба и ја виде бедата наша, маките наши и неволите наши;
8 и не изведе Господ од Египет. Сам со големата сила Своја, со силна рака и со цврста мишка, со виденија големи, со знаци и чудеса,
9 па не доведе на ова место и ни ја даде оваа земја, земја во која тече мед и млеко.
10 И така, ете, ги донесов првините од плодовите на земјата, која Ти, Господе, ми ја даде, земјата, каде што тече мед и млеко.‘ Стави го тоа пред Господа, твојот Бог, поклони се пред Господа, твојот Бог,
11 па развесели се потоа за сите добра, што Господ, твојот Бог, ти ги даде тебе, ти и домот твој, ти и левитот и придојдениот, што е кај тебе.
12 Кога ке ги одделиш сите десетоци од плодовите на земјата твоја во третата година, втората десетина дај ја на левитот, на придојдениот, на сиромавиот и на вдовицата, за да јадат во градовите твои и да се наситуваат.
13 Тогаш кажи пред Господа, твојот Бог: ‘изнасобравме се, што е свето во домот мој, и го дадов на левитот, придојдениот, сиромавиот и вдовицата, според сите Твои заповеди, како ми заповеда: јас не направив престап спрема Твоите заповеди и не ги заборавив;
14 во тагата не јадев од нив, ниту одделив од нив за нечиста потреба, ниту дадов од нив за умрено; го послушав гласот на Господа, мојот Бог, исполнив се како што ми заповеда Ти.
15 Погледни од небото од Твојот свет храм и благослови го народот Свој, Израилот, и земјата, што ни ја даде, како што им се заколна на татковците наши дека ке ни ја дадеш, земјата, во која тече мед и млеко.‘
16 Денес Господ, твојот Бог, ти заповеда да ги извршуваш сите овие наредби и закони: пази ги и исполнувај ги со сето срце свое и со сета своја душа.
17 Денес си Го избрал Господа, Он да ти биде твој Бог, дека ти ке одиш по Неговите патишта и ке ги почитуваш наредбите Негови и ке го слушаш гласот Негов;
18 и Господ ве избра денес вие да Му бидете Негов избран народ, како што ти рече ако ги почитувате сите заповеди Негови,
19 и дека Он ке те постави погоре од сите народи, што ги создал прочуен, фален, славен, и дека вие ке Му бидете свет народ на Господа, вашиот Бог, како што беше рекол.