Второзаконие. Chapter 13

1 Ако излезе пред тебе некој пророк, или толкувач на соништа, и ти покаже знак или чудо,
2 и ако се оствари тој знак или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: ‘да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш,‘
3 ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков толкувач на соништа; бидејки преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.
4 Господа, вашиот Бог, следете Го, бојте се од Него, извршувајте ги Неговите заповеди и слушајте го гласот Негов, и Нему служете Му и бидете приврзани кон Него.
5 А оној пророк, или оној толкувач на соништа да биде осуден на смрт, поради тоа што те измамил да се откажеш од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја и те избави од домот на ропството, зашто сакал да те одврати од патот, по кој Господ, твојот Бог, ти беше заповедал да одиш; така истребете го злото од околината ваша.
6 Ако тајно те наговорува братот твој од твојот татко или од мајката твој, или твојот син, или керката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кои е за тебе како душата твоја, па ти рече: ‘да одиме и да им служиме на други богови‘, што не ги познаваше ти и твоите татковци,
7 на боговите на оние народи, што се околу тебе, од едниот крај на земјата до другиот, -
8 не се согласувај со него и не го слушај; и да не ти се смили окото твое над него, не го жали и не го сокривај,
9 туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, - а потоа рацете на целиот народ;
10 убиј го со камења, да умре; бидејки тој сакал да те отстрани од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
11 Целиот Израел да го чуе тоа и да се исплаши, и нема во иднина да прави пред тебе такво зло.
12 Вие сте синови на Господа, вашиот Бог; не правете зарези на телото свое и не ја стрижете косата над очите свои за умрено;
13 зашто вие сте свет народ на Господа, вашиот Бог, и Господ вас ве избра од сите народи, што се на земјата, за да бидете Негов народ.
14 Не јади ништо нечисто.
15 Свој добиток можете да јадете: телци од говедата, и јаганци од овците, и козли од козите;
16 елен, срна, бивол, кошута, зебра и дива коза.
17 Секое животно што има разделени копита и на двете копита длабок зарез, и добитокот што прежива, јадете го.
18 Од оние, што преживаат и имаат разделени копита со длабок зарез, не јадете само: камила, питом зајак и див зајак, зашто тие, иако преживаат, нивните копита не се разделени: тие се нечисти за вас;