Второзаконие. Chapter 10

1 Тогаш Господ му рече: 'Исечи си две камени плочи, слични на првите, и дојди при Мене на планината, и направи си дрвен ковчег.
2 А Јас ке ги напишам на плочите оние зборови што беа на поранешните плочи напишани, а кои ти ги скрши, и положи ги во ковчегот.'
3 И направив ковчег од дрво што не гние, па исеков две камени плочи, како поранешните, и отидов на планината со двете плочи во рацете.
4 И ги напиша Он на плочите, како што беше напишано порано, оние десет заповеди, што ви ги кажа Господ на планината среде огнот во денот на собранието, и ми ги предаде Господ.
5 Јас се свртив и слегов од планината и ги положив плочите во ковчегот, што го бев направил, за да бидат тие таму, како што ми заповеда Господ.'
6 Потоа се кренаа синовите Израилеви од Вирот на синовите Јакимови во Мисадај; и умре Арон и таму беше погребан, а местото негово свештеник стана синот негов Елеазар.
7 Оттаму отидоа во Гадад, а од Гадад во Етавата, во земјата со водни потоци.
8 Тогаш Господ го оддели Левиевото племе, за да го носи ковчегот на заветот Господов, за да стои пред Госдпода и да Му служи, и да се моли и да благословува во името Негово, како што е тоа и до ден денес;
9 поради тоа левититие немаат дел и наследство со браката свои: Самиот Господ е нивни дел, како што им беше говорел Господ, твојот Бог.
10 И престојував на планината, како и порано, четириесет дена и четириесет ноки; Господ ме послуша и овој пат, и не посака Господ да ве погуби;
11 и Господ ми рече: ‘Стани, тргни на пат пред својот народ; нека отидат и нека ја населат земјата, за која им се заколнав на татковците нивни дека ке им ја дадам.‘
12 И сега, Израиле, што бара од тебе Господ, твојот Бог? Само да се боиш од Господа, твојот Бог, да одиш по сите Негови патишта, да Го сакаш, и да Му служиш на Господа, твојот Бог, од се‘ срце и со сета душа;
13 да ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, и наредбите Негови, кои денеска ти ги заповедам за да ти биде добро.
14 Ете, небото и небото на небесата, земјата и се‘ што е на неа, е на Господа, твојот Бог;
15 но само татковците ваши ги прими Господ и ги засака, и ве избра вас, нивното семе по нив, од сите народи, како што гледаш денес.
16 И така, обрежајте ја вашата жестокосрдечност и не ожесточувајте никого;
17 зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови,
18 Кој право суди на придојден, на сирак и на вдовица, го сака придојдениот и му дава леб и облека.
19 Сакајте го и вие придојдениот, бидејки и вие самите бевте придојдени во Египетската земја.
20 Бој се од Господа, твојот Бог, и само Нему служи Му, кон Него приврзи се и во Негово име колни се;
21 Он е твојата пофалба, Он е твој Бог, Кој поради тебе ги направи оние големи и славни дела, што ги видоа очите твои;
22 твоите татковци дојдоа во Египет седумдесет и пет души, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен како sвездите небески.