Второзаконие. Chapter 7

1 'Кога Гсопод, твојот Бог, ке те воведе во земјата, во која ти одиш, за да ја наследиш, и ги изгони од пред тебе многубојните народи: Хетејците, Гергесијците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Јевусејците, - седум народи, кои се побројни и посилни од вас.
2 И ке ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ги разбиеш, - тогаш предај ги на клетва, не прави со нив сојуз и немој да ги помилуваш;
3 и не се ородувај со нив: керката своја не ја давај на синот негов, и керката негова не земја ја за синот твој,
4 зашто тие ке ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови, тогаш ке се разгори врз вас гневот на Господа и Он ке те истреби.
5 Но постапете со нив вака: жртвениците нивни разрушете им ги, столбовите нивни разбијте ги и дабовите нивни исечете ги и резаните ликови нивни со оган изгорете ги;
6 зашто ти си свет народ на Господа, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов соспствен народ ме у сите народи, што се на земјата.
7 Не затоа, дека сте побројни од сите народи, ве прими Господ и ве избра, - бидејки вие сте помалубројни од сите народи, -
8 туку затоа што Господ ве засака и за да ја одржи клетвата, со која Он им се беше заколнал на татковците ваши, и ве изведе Господ со силна рака и цврста мишка и те ослоободи од домот на ропството, од раката на Фараонот, египетскиот цар.
9 И така, знај дека Господ, твојот Бог, е Бог верен, Кој го пази од иљада поколенија Својот завет и има милост кон оние што Го сакаат и ги извршуваат заповедите Негови;
10 а оние, што Го мразат, ги казнува нив, и ги погубува; Он не заборава да го казни тпкму оној, кој Го мрази.
11 И така, пази ги овие заповеди, наредби и закони, кои денес ти ги кажувам и да ги исполнуваш.
12 И ако ги слушате сите овие закони и ги пазите и исполнувате, Господ, твојот Бог, ке го пази заветот и милоста кон тебе, како што им се заколна Он на татковците ваши;
13 ке те засака, ке те благослови, ке те намножи и ке го благослови плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја: пченицата твоја, и виното твое, и елејот твој, и родот на воловите твои, и стадата на овците твои, во онаа земја, за која Он им се заколна на татковците твои дека ке ти ја даде;
14 благословен ке бидеш повеке од сите народи: нема да има ни бесплоден ме у вас, ни бесплоден ме у добитокот твој;
15 и ке ја отстрани од тебе Господ, твојот Бог, секоја немок, и никакви лути египетски болести, што си ги видел, и кои ги знаеш, нама да испрати врз тебе, и ке ги испрати на сите што те мразат;
16 и ке ги уништиш сите народи, што Господ, твојот Бог, ти ги дава: и да не бидат поштедени пред окото твое; и не служи им на боговите нивни, бидејки тоа е јамка за тебе.
17 Ако кажеш со срцето свое: ‘овие народи се побројни од мене, како можам да ги поразам?‘
18 не плаши се од нив, спомни си, што направи Господ, твојот Бог, со Фараонот и со целиот Египет.
19 Сети се за оние големи искушенија што ти ги видоа очите твои, на оние знаци, и на големите чуда и на силната рака и цврстата мишка, со кои те изведе Господ, твојот Бог; тоа исто ке го направи Господ, твојот Бог, и со сите народи, од кои се боиш;
20 И стршели ке испрати Господ, твојот Бог врз нив, додека не загинат оние што останале и оние што се сокриле пред тебе;
21 не плаши се од нив, бидејки Господ, твојот Бог, е со тебе; Бог голем и силен.
22 И Господ, твојот Бог, ке ги прогонува од пред тебе тие народи малку по малку; ти не можеш брзо да ги истребиш, за да не стане замјата пуста и да се намножат против тебе дивите sверови;
23 но ке ти ги предава Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ке ги победиш во големи борби, се‘ додека не загинат;
24 и ке ги предаде во твоите раце царевите нивни, и ти ке го истребиш името нивно од под небото: никој нема да устои против тебе додека не ги истребиш.
25 Ликовите на боговите нивни со оган изгорете ги; да не ти се присака да го земеш среброто или златото, што е на нив, за да не биде тоа за тебе јамка, бидејки е тоа одвратност пред Господа, твојот Бог;
26 и не ја внесувај гнасотијата во домот свој, за да не бидеш проколнат, како тие; одвракај се од тоа и гнаси се од него, бидејки тоа е проклетство.