Второзаконие. Chapter 9

1 Чуј, Израиле: ти денес ке го минеш Јордан да завладееш народи, поголеми и посилни од вас, градови големи, со тврдини до небеса,
2 лу е големи, и многубројни, и високи, Енаковите синови, за кои знаеш и си слушал: ‘Кој може да им се противстави на Енаковите синови?‘
3 Но сега знај, дека Господ, твојот Бог, е пред тебе како оган, што гори: Он ке ги одврати од лицето твое и наскоро ке ги истреби, како што ти рече тебе Господ.
4 Кога ке ги изгони Господ, твојот Бог, пред тебе, немој да речеш во срцето свое: ‘Заради мојата праведност ме доведе Господ да ја наследам таа добра земја;‘
5 не заради праведноста твоја и не заради правината на срцето твое ти одиш да ја наследиш земјата нивна, туку поради беззаконијата на тие народи Господ, твојот Бог, го изгони од пред тебе, и за да го одржи заветот, за кој им се заколна Господ на татковците ваши: Авраама, Исака и Јакова;
6 затоа знај сега, дека не заради праведноста твоја Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, - бидејки вие сте лу е жестоки.
7 Запомни и не заборавај, колку Го разгневивте Господа, вашиот Бог, во пустињата: од оној ден, кога излеговте од Египетската земја, па се‘ додека пристигнавте на ова место, вие не Му се покоривте на Господа.
8 и при Хорив вие Го разгневивте Господа, и се разгневи Господ на вас, така што сакаше да ве истреби,
9 кога јас се искачив на планината, за да ги примам камените плочи, плочите на заветот, што Господ ви ги беше ветил вам; и останав на планината четиеисет дена и четириесет ноки, леб на јадев и вода не пиев;
10 и ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа напишани сите зборови, што ви ги изрече Господ на планината среде огнот во денот на собранието.
11 Откако изминаа четириесет дена и четириесет ноки, Господ ми ги даде двете камени плочи, плочите на заветот,
12 и ми рече Господ: ‘Стани, оди си поскоро оттука, зашто твојот народ, што го изведе од Египет, се разврати многу брзо; тие се отстранија од патот, што им го заповедав; тие си направија идол.‘
13 И ми рече Господ: ‘Јас ти говорев еднаш и двапати: го гледам тој народ, ете, тој е народ жесток;
14 остави Ме да ги уништам и да го избришам името нивно од под небото, а од тебе да направам народ поголем, посилен и помногуброен од нив.‘
15 Јас се свртив и слегов од планината, а планината гореше во оган; двете плочи на заветот беа во обете мои раце;
16 и видов, дека вие бевте згрешиле против Господа, вашиот Бог, бевте си направиле излеано теле, и наскоро бевте отстапиле од патот, што ви го беше заповедал Господ да го држите;
17 тогаш ги зедов двете плочи, ги фрлив од рацете свои, па ги скршив пред вас.
18 И Му се помолив на Господа пак, како и порано, и пак четириесет дена и четириесет ноки леб на јадев и вода не пиев, за сите ваши гревови, со кои згрешивте, зашто извршивте зло пред Господа, вашиот Бог, и Го разгневивте;
19 бидејки јас се плашев од гневот и јароста, со која Господ се разгневи на вас и сакаше да ве истреби. Но Господ ме послуша и тогаш.
20 А и на Арона силно се разгневи Господ и сакаше да го погуби; но јас тогаш се молев и за Арона.
21 А гревот ваш, што го направивте, телето, го зедов, го изгорев во оган, го скршив, и го уништив, откако го здробив, така што стана ситен прав, и јас го фрлив тој прав во потокот што течеше од планината.
22 И во Тавер, и во Маса и во местото: Киврот-Атави вие Го разгневивте Господа, вашиот Бог.
23 И кога Господ ве прати од Кадис-Варни, со зборовите: ‘Одете и наследете ја земјата, што ви ја давам,‘ - вие и‘ се противставивте на зеповедта на Господа, вашиот Бог, и не Му поверувавте и не го послушавте гласот Негов.
24 Вие Му бевте непокорни на Господа уште од оној ден, откога ве запознав.
25 И Му се молев на Господа, Го молев четириесет дена и четириесет ноки, бидејки Господ сакаше да ве истреби;
26 Му се молев на Господа и реков: ‘Господи, Господи, Цару на боговите, не погубувај го Својот народ и Своето наследство, што го избави со големата Твоја сила, што го изведе од Египет со силна рака и цврста мишка;
27 спомни Си за Твоите слуги Авраама, Исака и Јакова, на кои им се заколна со Себе; не глдај на жестокоста на овие лу е, ниту на нечесноста нивна, ниту пак на гревовите нивни,
28 за да не речат жителите на оваа земја, од каде што не‘ изведе: - Господ не можеше да ги воведе во земјата, што им ја беше ветил, и од омраза спрема нив ги изведе, за да ги истреби во пустињата, -
29 а пак овие лу е се Твои и Твој избор, што Ти ги изведе од Египетската замја со големата сила Своја и цврстата Своја мишка.‘