Псалми. Chapter 2

1 Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи?
2 Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господа и Неговиот Помазаник.
3 'Да ги раскинеме врските нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни.'
4 Оној, Кој живее на небесата, ке им се смее и Господ ке ги исмее.
5 Тогаш во гневот Свој ке им говори и со јароста Своја ке ги збуни:
6 'Јас го помазав Царот Свој на Сион, на Мојата Света Гора.'
7 Kе го кажам определението - Господ Ми рече: 'Ти си Син Мој, Јас денес Те родив.'
8 И побарај од Мане, и ке Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краиштата на замјата - во Твоја власт.
9 Ти ке ги пасеш со желзен жезал; ке ги разбиваш како грнчарски сад.'
10 И сега цареви, вразумете се; поучете се, судии земни!
11 Служете Му на Господа со страв и радувајте се со трепет.
12 Почитувајте го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете; зашто Неговиот гнев брзо ке се разгори. Блажени се сите, кои на Него се надеваат.