Псалми. Chapter 23
1 Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува,
2 Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,
3 ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое.
4 Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат.
5 Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја ме напојува со блаженство.
6 И милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ке престојувам во домот Господов многу дни.