Псалми. Chapter 26
1 Суди ме, Господи, бидејки одев непорочно и, надевајки се на Господа, нема да се поколебам.
2 Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце.
3 Твојата милсот е пред очите мои, а јас одам во Твојата вистина,
4 со лу е суетни не седев и со престапници на законот Твој нема да отидам;
5 го намразив собиралиштето на злонамерните; со нечестивите нема да седнам;
6 ке ги мијам рацете свои во невиноста и ке го заобиколувам жтвеникот Твој, Господи,
7 за да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите Твои чудеса.
8 Господи, го засакав живелиштето на Твојот дом и местото каде што пребива и славата Твоја.
9 Не погубувај ја душата моја со грешници и животот мој со лу е крвници,
10 во чии раце има беззаконие, чија десница е полна со поткупи.
11 Јас, пак, одам во својата непорочност, избави ме, Господи, и помилуј ме.
12 Ногата моја стои на прав пат, во собранијата ке Те благословувам, Господи.