Псалми. Chapter 21
1 Господи, со Твојата сила ке се весели царот и за спасението од Тебе безмерно ке се радува.
2 Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли,
3 зашто Ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата венец со скапоцени камења.
4 Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долголетие во веки веков.
5 Голема е славата негова поради спасението од Тебе; Ти го покри со чест и величие.
6 Kе положиш на него вечен благослов, развеселувајки го со радоста на лицето Твое,
7 зашто царот се надева на Господа и во милоста на Севишниот не се сомнева.
8 Раката Твоја ке ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ке ги најде сите што Те мразат.
9 Кога ке се разгневиш, ке ги направиш како огнена печка; гневот Господов ке ги погуби, и оган ке ги проголта.
10 Ти ке го уништиш плодот нивни од земјата, и семето нивно - ме у човечките синови,
11 зашто смислија против Тебе зло, се договорија, но не можеа ништо да направат.
12 Ти ке ги поставиш како цел, а од Твоите лакови ке пуштиш стрели во лицето нивно.
13 Издигни се, Господи, со Твојата сила: ние ке ја воспеваме и ке ја прославуваме Твојата мок.