Псалми. Chapter 28

1 Кон Тебе, Господи, викам; не биди безгласен кон мене, та да не заприлегам при Твоето молчење на оној што слегува во гроб.
2 Чуј го гласот на молитвите мои, кога Ти се молам, кога кревам раце кон Твојот свет храм.
3 Не вбројувај ме ме у нечестивци и злосторници, кои со ближните свои говорат за мир, а во срцето имаат зло.
4 Подај им, Господи, според нивните дела, според нивните лоши постапки; според делата на нивните раце, подај им го она што го заслужиле.
5 Зашто не ги разбраа делата на Господа, ниту делата на рацете Негови; Он ке ги сосипе и нема да ги подигне.
6 Благословен Господ, зашто Он го чу гласот на молитвите мои.
7 Господ е крепост моја и штит мој; на Него се надеваше срцето мое и Он ми помогна; затоа се зарадува срцето мое и Јас ке го прославувам со сето мое срце.
8 Господ е крепост на Својот народ и заштитник за спасението на Својот помазаник.
9 Спаси го народот Свој и благослови го наследството Твое; паси ги и издигај ги довека!