Псалми. Chapter 3
1 Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене;
2 мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога.
3 Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја.
4 Со гласот свој викам кон Господ, и Он ме слуша од Својата Света Гора.
5 Легнувам, спијам и станувам, оти Господ ме чува.
6 Не се плашам од многу иљади лу е, што од сите страни навалиле на мене.
7 Стани Господи! Спаси ме, Боже мој! Зашто Ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците.
8 Од Господа е спасението. Твојот благослов нека биде на народот Твој.