Псалми. Chapter 36

1 Беззаконикот зборува во себеси - дека греши, нема страв Божји пред очите негови,
2 зашто тој се залажува себеси, место да го увиди своето беззааконие и да го намрази;
3 зборовите на устата негова се неправда и лукавство; тој не сака да се вразуми, и да врши добро;
4 на леглото свое си помислува беззконие, поа а на лош пат, од зло не се гнаси.
5 Господи, Твојата милост е на небесата, Твојата вистина - до облаците!
6 Твојата праведност е како горите Божји, а судовите Твои како голема бездна! И лу е и добиток ке спасиш Ти, Господи!
7 О колку обилно си ја пројавил Твојата милост, Боже! Синовите човечки ке се надеваат под Твојата закрила;
8 тие ке се наситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ке ги напојуваш;
9 зашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ке гледаме светлина.
10 Покажи ја милоста Своја кон оние кои Те познаваат, и правдата Своја кон оние со чисто срце;
11 да не ме згази ногата горда, и раката на грешникот да не ме поколеба.
12 Таму паднаа они, што вршат беззаконие; соборени се и не можат веке да станат.