Псалми. Chapter 39

1 Си реков: ке пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој; се погрижив устата моја да е претпазлива додека е грешникот пред мене.
2 Онемев и се смирив, и замолкнав дури и за доброто; и јадот мој се обнови.
3 Пламна срцето мое во мене и додека размислувам оган ке се разгори во мислите мои. Проговорив со јазикот свој:
4 кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите дни, за да знам колку сум ништожен.
5 Ете, Ти си ми дал дни колку една педа, и векот мој е како ништо пред Тебе. И навистина, се е суета, секој човек што живее.
6 Навистина, човек оди како сенка и залудно се возбудува; собира богатство, а не знае кому ке му го остави.
7 И сега што да очекувам? Зар надежта не е во Тебе, Господи?
8 Спаси ме од сите беззаконија; си допуштил да бидам поруга на безумниот.
9 Занемев и не ја отворив устата, зашто Ти ме создаде.
10 Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака.
11 Преку казни заради беззаконија си го воспитал човекот и душата негова си ја расточила како пајажина. И залудно се возбудува секој човек.
12 Услиши ја, Господи, молитвата моја и почуј ја молбата моја; не биди безгласен како моите солзи, зашто сум ту во Тебе и придојден, како сите мои татковци.
13 Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веке.