Псалми. Chapter 35

1 Пресуди им, Господи, на оние кои ме навредуваат, и собори ги оние што се борат против мене;
2 зами оружје и штит и дојди ми на помош;
3 извади го мечот и пресретни ги гонителите мои; кажи и на душата моја: 'Јас сум спасение Твое!'
4 Да се постидат и засрамат оние што ја бараат душата моја: нека се повратат и нека се посрамат, оние што ми мислат зло;
5 нека бидат како прав пред ветрот, и Ангел Господов да ги прогонува,
6 патот нивни нека биде темен и лизгав, и Ангел Господов да ги прогонува,
7 бидејки без вина поставија тајна мрежа за моја пропаст, без вина ја навредија душата моја.
8 Нека дојде врз нив замка што не ја знаат и мрежата нивна, што ја поставија за мене, да ги улови самите нив; нека се сплеткаат во неа и нека загинат.
9 А мојата душа ке се радува во Господа, ке се весели поради спасението од Него.
10 Сите коски мои ке речат: 'Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од грабителите нивни?'
11 Се кренаа против мене неправедни сведоци: и за она што не го знам ме сослушуваат;
12 ми вракаат зло за добро, и душата моја останува осамена.
13 А кога ми додеваа, јас се облекував во кострет, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми се вракаше во градите мои.
14 Постапував така, како тој да беше ближен мој, мој брат; одев тажен со наведната глава; како оној што е загрижен и нажален, така се смирував.
15 А тие се зарадуваа и се собраа против мене, ми задаваа рани, а да не знам зошто, ме кинеа и не престануваа;
16 ме доведоа до искушение, ми се потсмеваа многу и со забите свои крцкаа против мене.
17 О, Господи, кога ке го погледаш тоа? Оттргни ја душата моја од нивните злодела, мојата осамена душа - од тие лавови.
18 Kе Те прославувам, Господи, на големо собрание, ме у многуброен народ ке Те восфалувам;
19 не допушти да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина, кои ме мразат без вина и намигнуваат со очите.
20 Зашто за мир ми зборуваа тие, а во лутината своја смислуваа измами.
21 Ги отворија устите свои против мене, велејки: 'Добро! Добро! Очите наши видоа.'
22 Ти виде Госоди, немој да премолчиш; Господи, не отстапувај од мене!
23 Стани, разбуди се поради мојата правда, о Боже мој и Господи мој!
24 Пресуди ми според Твојата правда, Господи, Боже мој, та да не ликуваат оние над мене;
25 за да не речат во срцето свои: 'Добро, добро за душата наша!' и да не кажат: 'го проголтавме.'
26 Нека се постидат и засрамат сите, кои се радуваат на мојата несрека; да се облчат во срам и позор, оние што се гордеат над мене.
27 Нека се зарадуваат и нека се развеселат, оние што ја сакаат мојата правда, и непрестајно нека велат: да се возвеличи Господ, Кој му пожелува мир на Својот слуга!
28 И јазикот мој ке зборува за правдата Твоја и за Твојата похвала секој ден.