Псалми. Chapter 30
1 Kе Те вознесувам, Господи, затоа што ме прифати и не допушти непријателите мои да се радуваат над мене.
2 Господи, Боже мој, повикам кон Тебе, и Ти ме исцели.
3 Господи, Ти ја изведе душата моја од пеколот и ме спаси од оние што слегуваат во гроб.
4 Пејте Му на Господа, праведници Негови, и исповедајте Го, секавајки се на Неговата светост,
5 зашто гневот Му е во јароста Негова, а животот - во милоста Негова: навечер настанува плач, а изутрина голема радост.
6 И јас си реков во изобилието мое: 'Нема да се поколебам довека.'
7 Господи, според вољата Твоја подај и на добрината моја сила; но Ти го сокри лицето Свое, и јас се збунив.
8 Тогаш кон Тебе, Господи, повикав и не мојот Бог, му се помолив:
9 'Каква полза од крвта моја, кога ке слезам во гроб? Kе ја исповеда ли правот, ке ја објави ли тој вистината Твоја?'
10 Му услиши Господ, и ме помилува, и Господ стана помошник мој.
11 Ти ја претвори тагата моја во радост, го симна од мене костретот и ме препаша со веселба,
12 за да Те слави душата моја и да не замолкнам; Господи, Боже мој, вечно ке те славам!