Псалми. Chapter 13

1 До кога, Господи, сосема ке ме забораваш, до кога ке го одвракаш лицето Свое од мене?
2 До кога ке размислувам во душата своја, и ке жалам во срцето свое дење и ноке? До кога непријателот мој ке се издига над мене?
3 Погледај, чуј ме, Господи, Боже мој! Просветли ги очите мои, за да не заспијат некако со сон смртен;
4 да не рече непријателот мој: 'го надвив.' Гонителите мои ке се зарадуваат, ако почнам да премалувам.
5 Јас, пак, се надевав на Твојата милсот; срцето мое ке се зарадува заради спасението од Тебе;
6 ке му пеам на Господа, Кој ми направи добрини и ке го воспевам името на Севишниот Господ.
1 Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име.
2 Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној,
3 Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести;
4 Кој го избавува од распа ање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.
5 Кој ја исполнува со блага твојата желба, како на орел ке се обновува твојата младост.
6 Господ им дава милост и суд на сите онеправдани.
7 Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови - барањата Свои.
8 Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив;
9 Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути.
10 Оне не ни направи ништо според нашите безааконија и не постапи според нашите гревови;
11 зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него;
12 колку е далику исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија;
13 како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
14 Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека сме земја.
15 Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој;
16 ке дувне ли над него ветар, и веке го нема, и местото веке нема да се познава
17 А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него,
18 и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат.
19 Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над се.
20 Благословувајте Го Господа - сите ангели Негови крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збоар, слушајки го гласот од зборот Негов;
21 благословувајте Го Господа - сите Негови војски, Негови служители, кои ја испонувате вољата Негова;
22 благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!