Псалми. Chapter 62
1 Па, зар во Бога не се успокојува душата моја? Та од Него е моето спасение.
2 Зашто Он е Бог мој, и мој Спасител. Застапник мој: нема повеке да се поколебам.
3 До кога ке притискаат врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет sид и накривена ограда.
4 намисливте да го отфрлите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете.
5 А ти, душо моја, само по Бога оди, зашто на Него трпеливо се надевам.
6 Он е Бог мој и Спасител мој: застапник мој и нема веке да се колебам.
7 Во Бога е моето спасение и мојата слава; Он е Бог Кој ми помага и надежта моја е во Бога.
8 Надевајте се на Него сите лу е, отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашиот помошник.
9 Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лажливци; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив.
10 Не се надевајте на неправда и не посакувајте отимање; кога богатството расте, не го приврзувајте срцето кон него.
11 Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа, дека силата е во Бога,
12 дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти ке му дадеш на секого според делата негови.