Псалми. Chapter 63
1 Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на замјата пуста, неплодна и безводна?
2 И така се појавив во Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава.
3 Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ке Те фали.
4 Така ке Те благословувам во животот мој, и во Твое име ке ги кревам рацете мои.
5 Како со маст и елеј се наситува душата моја, и со радосен глас ке те фали устата моја.
6 Кога ке се сетам за Тебе во постелата моја, во утринските часови за Тебе размислувам,
7 зашто Ти си ми помошник и во сенката на Твојата закрила ке воскликнувам.
8 Кон Тебе се приближи душата моја, твојата десница ме поддржува.
9 А оние кои залудно го побараа мојот живот, ке слезат во пеколот!
10 Kе бидат поразени со силата на мечот; ке станат плен на лисиците.
11 А царот ке се зарадува во Бога, и секој ке се фали, кој во Него се колне, бидејки ке им се затне устата на оние што говорат неправда.