Псалми. Chapter 65
1 Тебе, Боже, Ти припа а похвалата на Сион, и Тебе ке Ти се исполни заветот во Ерусалим.
2 Услиши ја молитвата моја; кон Тебе ке прибегне секој човек.
3 Од зборовите на беззакониците, кои надвладуваат над нас и од нашите гревови, очисти не.
4 Блажен е оној, кого Ти си го избрал и примил; он ке живее во Твоите дворови; ке се исполни со добрини од Твојот дом; а Твојот дом е свет, и чудесен е во праведноста.
5 Чуј не, Боже, Спасителе наш, надеж на сите земни краишта и на оние што се далку преку морето.
6 Ти, Кој горите си ги поставил со силата Своја и со мок си се препашал,
7 Ти Кој ја раздвижуваш морската длабочина и шумот што го прават брановите. Kе поштукнат народите.
8 И ке се уплашат сите оние што живеат во краиштата од чудесата Твои: ке создадеш радост каде што утрото се ра а и вечерта зао а.
9 Ти ја посетуваш земјата, ја напојуваш, ја збогатуваш: потокот Божји е полн со вода; си им приготвил храна, бидејки тука си ја устроил.
10 Ги напојуваш браздите нејзини, и ги умножуваш житата нејзини и со дождовни капки ја благословуваш да ра а плодови;
11 ја овенчуваш годината со Твојата добрина и полињата Твои полни се со згоен добиток.
12 Се појавуваат пасишта по пустињите и ритчињата се исполнуваат со радост;
13 Трлата се умножуваат со стада, а долините се китат со плодови: воскликнуваат и пеат.